UEFA Cup - LEVSKI - LIVERPOOL

Наташа Шутиноска

03/03/2004



Наташа Шутиноска е родена на 06.10.1983 година во Скопје и работи како раководител на финансов сектор во фирмата ЕНЕРГОМОНТ Скопје а работи и како стилиста за американската веб страна www.looksima.com .

Наташа е среќно мажена и има мала ќеркичка Елени и кученце Биа (сибирска хаска). Од хоби Наташа обожава шопинг , црвено вино , гледање многу филмови и серии , следење на нејзиниот омилен Ливерпул и повторно шопинг !

Каде и со кој ги следиш натпреварите на Ливерпул?

Се трудам најчесто да ги следам натпреварите заедно со македонскиот фан клуб на Ливерпул ( бидејќи се THE BEST ! ).

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Мнооооогуууууу одамна , зимата 1999 година , запознав еден страствен навивач на Ливерпул (Драган) со кој неможеш а да не го засакаш клубот покрај него, и од тогаш до сега ништо не се сменило , сеуште сум со Драган и сеуште сум со најдобриот клуб на светот ЛИВЕРУП (тимот што победува не се менува хехехе ).

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Беше Сурез :-/ Го обожаван неговиот темперамент , неговата желба , страст. Но сега и одсекогаш нашиот капитен Џерард . Омилена генерација хмммм , би рекла секако генерацијата 2005 заедно со мојот омилен тренер кој ни ја донесе најголемата радост , Рафа Бенитез.

Што мислиш за моменталниот состав и начин на водење на клубот ?

Младо, младо , младо , Треба време , стрпливост и голема поддршка од нас навивачите . Водење ? хмммм , па можеме и треба да донесеме некоја глобална звезда.

Твое мислење за оваа сезона , кој каде ќе заврши ?

Почнавме тешко , споро, напорно , но се надевам на топ 4 финиш до крајот на сезоната .

Како искусен стилист , што мислиш за новите дресови на WARRIOR во споредба со предходните кои ги правеше АDIDAS?

Би било пристрасно јас да ги коментирам дресовите на Ливерпул, според мене не постојат подобри но еве еден мал коментар за новиот Warrior , да не кажам контроверзен дрес . Како што прочитав, многу од фамилиите на погинатите во Хилсброу не биле консултирани за употребата на 96 и тоа створило револт кај нив . Сигурно дека требало да се консултираат но според мене заслужено стојат тие 96 на дресот. Дресот наликува на старите дресови , па можда ќе донесе нови победи како во старите времиња .... ма што да коментирам , НАЈДОБРИ СЕ !!!.

Levski - Liverpool ?

Ахххх , одамна 03.03.2004 година , јас и цел автобус мажи заедно со мојот тогашен дечко а сега сопруг Драган , конечноооо можевме да го видиме нашиот омилен клуб во живо . Атмосферата беше феноменална , уживање , дружење , запознавање со многу скаузери во Софија, од Англија, од Скопје ... Иако беше премногу ладно , цел ден го поминавме во шетање и запознавање со навивачите на Ливерпул од целиот свет и уживање во приказните и разговорите со нив. Како еден смешен куриозитет беше за картите кои ни беа дадени за на трибината на навивачите на ЛЕВСКИ и моравме да покриеме се што носевме (шалови, знамиња , дресови) и беше НИЈЕ СВЕЈЕДНО и на секој постигнат гол се радувавме само со очи хехехехехе :) !

Се ближи Лудогорец, што би им препорачала на навивачите кои ќе одат во Софија?

ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ТАМО ! :) :)

Liverpool FC е многу повеќе од било која негова постава, играч, тренер ... Што би им рекла на оние фанови кои цело време по форуми кукаат дека вака сезоната нечини ?

За сите тие квази навивачи би им препорачала да навиваат за инстант клубови како PSG , Chelsea, City и други , бидејќи инстант клубови имаат потреба од инстант навивачи !


YNWA!