CHAMPIONS LEAGUE - CSKA- LIVERPOOL

Јофче Ивановски

10/08/2005



Јофче Ивановски со ; е роден во Битола а моментално живее и работи во Минхен, Германија со сопругата Маја . Легендарен капитен е на локалниот клуб во битолската општинска лига OLD BOYS и е еден од основачите на MACEDONIAN REDS.

Натпреварите моментално во Минхен ги следam со два-тројца другари кои не се симпатизери на Ливерпул , поради дружење . Устите неможам да им ги затворам , сите специјалисти а лани едвај чекаја да го гледат Ливерпул на ТВ иако навиваја за Барса , Јуве и сл .

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Добро прашање. Колку шо се сеќавам тоа беше негде после европското првенство во Англија, кога си купивме двајца чехословаци, Бергер и Шмицер, еххх сега нив ги пазарат немците се разбира за ефтини пари кога им играат во дворот.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Стивен Џерард ! Тренери, никој посебно, секој ми оставил и добри и лоши спомени, али мора , мора , за да се види колку тежи секој тренер да му се даде време, а овај модерен фудбал бара инстант успех . Единствен тренер во Ливерпул за мене е тој што не создаде, Шанкс !

Што мислиш за моменталниот состав и начин на водење на клубот ?

Моменталната ситуација е катастрофа од почеток до крај или по енглески Selling Club, а со та политика не одиме нигде. Позитивно е работата на академијата и реконструкцијата на Енфилд.

Твое мислење за оваа сезона , кој каде ќе заврши ?

По обичај секогаш играме слабо на почеток, се надевам дека и оваа година е така а тоа е прво нешто шо мора да се попрај. Брендан Роџерс мене ми остави добар впечаток, и пак ќе кажам дека за се треба време. Имаме околу десетина нови играчи од кои скоро сите се млади и нови во Премиер лигата . Моја желба и реалност е со малце среќа е топ 4 финиш.

ЃУЛЕТО, приказна која ќе се прераскажува со генерации ,за многумина поим кој незначи ништо , но тоа е местото кај што се берат навивачите на ЦСКА пред секој натпревар а ние по случајност се најдовме таму, како помина :) ?

Ѓулето, хммм , добри спомени , дружење , адреналин .... Утрото кое започна предходното утро ни се припи пиво. Шетавме низ Софија стари градби ова она и застанавме на пиво , улицата по која се движевме беше Васил Левски , звучеше сигурно и влеговме во Ѓулето , паб прва лига и пиво прва лига. 6 литри точено за 4 лева, па удри. Како врвеше времето ние запијани и распеани така и пабот се полнеше со раја. Келнерките неможеа да престигнат да носат пиво иако беше 7 и пол сабајле , сат пред то стигнавме во Софија, ќе стигневме порано ако не се најдеја трезни во комбето и не му солеја памет на шоферо кај да сврти лево.... Помина некое време и Ѓулето се наполна али по наша "среќа" со навивачи на ЦСКА и не само обични туку оние хардкор , воџите по наше... Пивото супер , музиката уште подобра, пивото пак одлично и наеднаш неколку кригли , празни додуша долетаја накај нас, ние сталожено проверивме дали некој будала фрла пиво и продолживме со песни , и настана гужва , дел од црвените ќе не бесеа , дел ќе не дереја и слично но тоа сепак беа само изолирани случаи кои навивајаи за Гејчестер Јунајтед, но во цела таа гужва во која под стрес пеевме за Ливерпул и не прекинавме , некој се најде паметен од бугарите и рече овие или се одлепени или стварно се одлепени чим дошле тука .... Со нас седеја и неколку стари навивачи а по некоја случајност едниот од нив беше некој од нивните поштовани членови, па така се опуштивме и пиевме , се дружевме . Јас седев на соседна маса и тргнав накај моите другари ( на мета беа Горан , Бушајјо и мејто од Австралија ), тогаш ме застана еден постар навивач на ЦСКА и ми рече се е ОК и уживајте . И реагираше обезбедувањето и ги казни сите оние кои трошеја пиво и кригли по нас ...... Искрено незнајме шо се случува а некој од нас окара за Левски и се после тоа беше рок симфонија . . . Веројатно бевме интересни па дојдоја новинари од неколку национални весници , праеја интервјуа со нас и не извадија на насловна страна , мислам дека беше 24 спорт и некој друг тиражен весник , истото дежаву ни се случи ко бевме и со Левски година порано ... Незнаев дека сме во весници , пријатели на плажа играле бељот и случајно купиле па ни ги донесоја .... Нема зборој да се опиши целата атмосфера во Ѓулето , ова е само мал детал од она шо се случуваше ... .....

CSKA - Liverpool ?

Збирно место како и секогаш кога станва збор за Ливерпул ни беше Плејстејшн клубо во Битола шо го држеше Горан. Се договоривме , беше лето, изнајмивме комбе и ние неколкумина заминавме за Софија. Јас, Бушајјо, Љупчо , дебелио Горан хахахаха, Врангало , мејто од Австралија, близнако а со Ненад се најдовме во Бугарија... Карти предходно ни набави еден фин дечко.

За ѓулето веќе кажав, таму се одигра првото полувреме а на утакмица , задоволство беше да се гледа Ливерпул уште еднаш за толку кратко време. Предходно го гледавме со Левски . На стадионот прекрасна атмосфера , обезбедување на ниво , ни дадоја и нас посебен дел од трибината заедно со уште дваесетина навивачи од Бугарија за Ливерпул а бевме веднаш до кафезот со навивачите на Ливерпул . Искрено ако се погоди местото на стадионот како шо ни се погоди нас , обезбедени , не е ни битно дали си во кафезот или не . Бевме погласни од нив и порасположени за пеење и викање .

Ливерпул победи 1:3 и прекрасно беше чувството да се гледа екипата што пред само три месеци го одигра финалето во Истанбул со Милан и стана европски шампион.

Се ближи Лудогорец, што би им препорачал на навивачите кои ќе одат во Софија?

Во Софија бевме само два три месеци после инцидентот во кој Мајкл Шилдс, навивач на Ливерпул беше осуден во Бугарија дека извршил убиство на бармен во Несебар. Очекувавме да биди напнато . На сите што ќе одат би им преопрачал да кога ќе патуват во Софија треба да покажат респект а за возврат ќе го добијат истото . Сигурен сум дека навивачите на ЦСКА ќе бидат на страната на Ливерпул.

Liverpool FC е многу повеќе од било која негова постава, играч, тренер ... Што би им рекoл на оние фанови кои цело време по форуми кукаат дека вака сезоната нечини ?

Секој има право на мислење и бла бла бла. .. ама ако Вие , Ние кои го сакаме клубот, плукаме по него ..... се јадам кога ќе слушнам некој од пластичарите или од гејчестер плука па камоли да слушам од наши луѓе. Знам дека работите не се како шо сакаме , ама ќе бидат! Поздрав од мене, YNWA!


YNWA!