Меморијален турнир

30 год од Haysel

29/05/2015

 

На 29 Мај 2015 се одигра меморијален турнир по повод 30 години од трагедијата на Хејсел.

Меморијалот беше организиран од нашиот фан клуб во договор со фан клубот на Јувентус Македонија.

Турнирот беше најавен и од отворен карактер но натпревари се одиграа само во Битола , Охрид и Скопје.

 

Скопје

In memoria e amizicia! Одлична дружба имаше и во Скопје, секоја чест за момците од фан клубот на Јуве, мошне прописно не надиграа и победија!

 

Охрид

Со два ревијални натпревари во спортскиот центар „Климент Колески“ охридските фан клубови на фудбалските гиганти Јувентус и Ливерпул, им оддадоа почит на загинатите навивачи во финалето од Купот на европските шампиони што се одигра во 1985 година на стадионот „Хејсел“ во Брисел, Белгија.

 

Битола

Одигран меморијалот и во Битола во одлична атмосфера пред стотина гледачи на ракометното игралиште. Натпреварот на пенали го доби фан клубот на Јувентус.

 

YNWA !