PREMIER LEAGUE - LIVERPOOL - MAN CITY

Владимир Стојков

07/10/2018



Владимир Стојков од Скопје е еден од тројцата победници на конкурсот за избор на дизајн на тетоважа за турнејата на фудбалскиот клуб Ливерпул во Мелбурн Австралија.

Ливерпул во соработка со компанијата Warrior која им ја изработува опремата организираа конкурс за најдобар дизајн на тетоважа посветена на претстојната турнеја на клубот во Австралија, Индонезија и Тајланд.

Фудбалерите на Ливерпул, Џонџо Шелви и Фабио Борини ги избраа тројцата победници, а помеѓу нив е и скопјанецот Владимир Стојков со неговата тетоважа за турнејата во Австралија.

Владимир за Австралија не доби виза , но нашиот фан клуб во рамките на своите можности му помогна да го гледа клубот во живо и тоа се оствари за мечот против Man City.во Премиер лигата неколку години покасно.


YNWA!