PREMIER LEAGUE: Leicester City - LIVERPOOL

ХУМАНИТАРНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ВО БИТОЛА

26/12/2019


Почитувани навивачи на Ливерпул во прилог најавата од организаторите на собирот во Битола на 26/12/2019 во Bourbon Street Pub Bitola. Собирот како предновогодишна забава беше и со хуманитарен карактер.

Утакмица кој може широко да ни ги отвори вратите кон она што сите го чекаме 30 години, утакмица која треба да ги врати во реалноста сите оние кои се трудат да ни ги ипомешаат сметките оваа сезона. Колку чудно звучи, Лестер, не сити, не челзи, не арсенал, не јунајтед,не тотенхем(намерно се со мали букви 😉 ) туку Лестер. Роџерс направи револуција, му посакуваме се најдобро,но време му е против Ливерпул да се приземјат. Нема подобра најава, нема подобра утакмица, две екипи кои играат најубав фудбал во Англија ајде да покажиме дека сме поискусни од минатата година и дека ова до сега не е случајно(не можи ни да биди),да им ги затвориме устите на сите хејтери и да ги подотвориме портите на рајот. Битолчанииии најмасовно шо можи, отворени врати за сите останати кои ако направат некој километар сигурно нема да за жалат,ние гарантираме гостопримство на највисоко ниво ваше е да проверите дали ќе биди така.