Хуманитарна акција

Донација во Дом за доенчиња во Битола

30/12/2021


На 30/12/2021 година фан клубот направи донација во Домот за доенчиња во Битола.

Слично како и минатата година, така и оваа година беа донирани алишта, играчки, храна, лекови, кујнски апарати, креветчиња, детски колички итн.

Ве поттикнуваме да учествувате на вакви настани и до некоја наредна дружба YNWA!

Голема голема благодарност до сите оние кои донираа во име на фан клубот и кои се вклучија во акцијата од Битола, Охрид, Штип и Велес како и до цвеќара Ели-Ем од Битола и дресовионлајн.

Се надеваме дека со нашата скромна помош барем малку го разубавивме претстојниот празничен период.

Среќни Новогодишни празници! YNWA!