OLSC Macedonia - Season 2022/2023

01/07/2022


Почитувани навивачи на Liverpool FC и членови на фан клубот,

OLSC Macedonia со стартот на новата сезона 2022/2023 е 10та година по ред официјален фан клуб на Liverpool FC и голема благодарност до сите вклучени во организацијата на фан клубот за да постои онаков како што е.

На почеток во оваа објава сакам да објаснам неколку работи кои се провлекуваат подолг период иако детално се опишани на нашата официјална веб страна www.olscmacedonia.com.

Секоја година ние како фан клуб мораме да исполниме одредени услови за да бидеме вклучени во мрежата на официјални фан клубови на Liverpool FC а мораме и да се придржуваме на правилник за работа кој ни е даден од клубот. Денес постојат 310 фан клубови на Liverpool FC во 100 земји од светот и бројот секоја година се зголемува а нивната заедничка мисија е да го промовираат клубот и да пружат поддршка на своите членови локално во својата земја.

Фан клубот има мисија да ги зближува и поврзува фановите во и надвор од својата земја, да го промовира и да го штити името на клубот и неговата историја, да помага во LFC Foundation но и во локални хуманитарни цели, да организира настани и собири како и ред други активности преку кои на навивачите на Liverpool FC ќе им се обезбеди сигурна, пријателска и спортска атмосфера.

За возврат од клубот ние како официјален фан клуб имаме несебична помош и поддршка од Liverpool FC за секоја идеја која сакаме да ја оствариме, имаме можност да аплицираме за влезници на Anfield, Black Tie Dinner или за било кој друг настан организиран од клубот, имаме контакт со поранешни и сегашни играчи и други медиумски познати личности поврзани со клубот, попусти при купување или посета на Anfield и ред други работи и новини за кои еднаш неделно разговараме директно со претставници на Liverpool FC преку Extranet или Hangouts.

OLSC Macedonia e непрофитен фан клуб односно сите вклучени во работата се волонтери и немаат никаква финансиска добивка. Секој настан организиран од фан клубот на кој има и дел поврзан со финансии во смисол продавање на маици , сувенири или пак се собираат пари за хуманитарни цели мора да биде одобрен најпрвин од Liverpool FC. Исто така чланарина во OLSC Macedonia нема и никој не е обврзан да плајќа за да биде член. Единствено членство кое е пожелно да се плаќа е она официјалното на Liverpool FC кое се купува од нивната официјална страна www.liverpoolfc.com и секој тоа го прави индивидуално.

Во нашата последна објава околу членството беше напоменато дека во периодот до 30 Јуни 2022 секој кој планира да аплицира за влезници мора да извади членство од клубот и истото да ни го испрати за да имаме во предвид колкава е заинтересираноста за аплицирање. Оние кои го сторија тоа ќе имаат право на аплицирање.

Оние кои прашаа и најавија а не испратија број на членство неможиме да им излезиме во пресрет бидејќи не сме добиле комплетни информации, како и сите оние кои се надвор од нашата држава и купуваат членство на адреса надвор од нашата држава неможиме исто така да им излезиме во пресрет бидејќи ние имаме право за влезници само за членови кои живеат во Македонија. Можноста за аплицирање останува за вториот дел од сезоната.

Овој период како и секоја година беше важен и од друг аспект за фан клубот. Во периодот од 31 Мај до 30 Јуни секоја година, сите фан клубови во мрежата на Liverpool FC имаат должност да се припремат , да регистрираат членови и да состават одбор кој ќе ја претставува својата држава. Во тој период сите оние кои извадиле официјално членство и го пријавиле во својот матичен фан клуб и имаат желба, можат да учествуваат во органите на фан клубот а тоа се претседател, секретар, благајник и одбор од минимум 15 членови. Сите оние кои испратија информација и извадија официјално членство ќе учествуваат во овие органи на фан клубот а сите оние кои ќе извадат членство во текот на годината и пројават желба ќе можат да се вклучат во организацијата дополнително.

Од технички аспект во кратки црти така функционира секој фан клуб на Liverpool FC. Член може да биди секој кој сака , но ако сака да учествува во организација или да аплицира за влезници мора да ги запази наведените услови. За да се оствари формирањето на раководното тело OLSC Macedonia ќе ги повика своите членови на состанок на кој ќе бидат разгледани овие точки и ќе се договори програма според која ќе ги организираме активностите за сите фанови на Liverpool FC од нашата држава во новата сезона. Состанокот е отворен и за сите оние кои немаат официјално членство а сакаат да бидат во тек со работата на фан клубот.

За крај повторно, нашиот фан клуб е обновен и за наредната сезона, оваа објава оди покасно од терминот за обновување за да бидите сигурни дека работите се движат во добар правец благодарение на екипата во фан клубот која не е дел од одборот со цел да им се пружа шанса на сите заинтересирани да учествуваат во работењето на фан клубот.

YNWA!

Талевски Горан

Admin - OLSC Macedonia



Аплицирањето за влезници од првиот дел од сезоната трае од 1 Јули до 3 Јули 2022 година до 20:00 часот. Во прилог се натпреварите на клубот за есенскиот дел од сезоната. Датумите не се фиксни, односно можни се промени во текот на сезоната.

Август 13 - Liverpool - Crystal Palace

Август 27 - Liverpool - Bournemouth

Август 31 - Liverpool - Newcastle

Септември 10 - Liverpool - Wolves

Октомври 1 - Liverpool - Brighton

Октомври 15 - Liverpool - Man City

Октомври 19 - Liverpool - West Ham

Октомври 29 - Liverpool - Leeds

Ноември 12 - Liverpool - Southampton

 

Од клубот нема гаранција дека добивањето на влезници е 100% во однос на бројот или во однос на натпреварот кој сме го одбрале а резултати ќе има на 11 Јули 2022 година.

За аплицирање доволно е да не контактирате на телефон 071520052 Горан , contact@olscmacedonia.com или на facebook: https://www.facebook.com/Goran.Goran.Goran . Може да контактирате и на фејсбук групата OLSC Macedonia.

YNWA