10 Регионален собир - Котор 2022

01/10/2022


По пауза од неколку години регионалните собири продолжија во Котор кој по втор пат беше домаќин на фановите на Liverpool FC од регионот а собирот се организира во Stari Grad, Pub AS.

На годинашниов собир како и обично дружба правеа OLSC Montenegro, OLSC Croatia, OLSC Serbia, OLSC Slovenia, OLSC Bosnia & Herzegovina и OLSC Macedonia а за првпат на еден регионален собир нашиот фан клуб тргна организирано со околу 30тина членови .

Охрид, Велес, Прилеп и Битола заедно! За наредниот собир во Марибор, Словенија сигурно е дека ќе ни се приклучат и другите кои овој пат од оправдани причини беа отсутни.

10тиот Регионален собир на навивачи на Ливерпул помина фантастично, во атмосфера која може да се создаде и доживее само на регионалните собири. Ден предходно фановите играа и турнир во мал фудбал , а пред следењето на натпреварот помеѓу Liverpool и Brighton своја промоција имаше и Adrijana Prskalo за својата книга Nikad Neces Hodati Sam која наскоро ќе биде и гостин во Битола на 23 Октомври 2022 во DOT.

За нас ново искуство, за прв пат на еден регионален собир организирано , но отсега па натаму редовни на секој нареден. Одлични домаќини, одлични гости, преубав град, позитивни впечатоци на секој чекор....

До наредниот собир во Марибор 2023 , You'll Never Walk Alone!

facebook: OLSC Macedonia

web: OLSC Macedonia