Liverpool - Southampton

OLSC Macedonia #Anfield

08/03/2025


 

На 8 март 2025 година на натпреварот помеѓу Liverpool и Southampton на Anfield имаше 8 членови од нашиот фан клуб од Штип, Прилеп и Скопје.

Во прилог фото и видео од Петар, Гоце и Тина.




Петар Санев - Штип

 




Тина Палковска - Скопје

 

OLSC Macedonia: Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Тина: Јас пратам фудбал со години. Имав големо генерално знаенје за спортот без конкретно да следам некој тим. Европски и светски првенства најомилени. Сега пак, само знам за Ливерпул. Почнав да го пратам клубот поради Јирген Клоп. Толку позитивен, харизматичен и искрен човек не се среќава често. Како успеа да создаде позитивна врска помеѓу навивачи и играчите. И како тој самиот стекна почит од сите нас навивачи на Ливерпул. Емоциите и неговата страст ме поврзаа со клубот.

 

 

OLSC Macedonia: Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Тина: Секогаш Клоп. Генерација баш и неможам конкретно да издвојам. Најомилени играчи Дивок Ориги и Боби Фирмино. Ориги посебно поради неговиот учинок во клучни натпревари како и головите во последните минути. Боби Фирмино поради несебичноста и понизноста. Ако треба да одбијам од сегашниов тим ќе мора да кажам Али.

 

 

OLSC Macedonia: Натпреварот кој го следевте , Liverpool - Southampton...

Тина: Влезници ги набавивме преку OLSC Macedonia и голема благодарност до нив. Процесот беше ептен јасен. Натпреварот заврши 3:1 за Ливерпул иако домаќините губеа 1-0 на полувреме. Дефинитивно натпревар од две полувремиња. Либерпул беа многу тивки првите 45 минути, некои од играчите со очигледен умор во играта. Малку бев исплашена како почна утакмицата, посебно и поради забраната на Слот да буде присутен на клупата. За среќа наша Слот многу брзо изреагира, и на полубремето направи клучни замени за да се вратиме во игра. Исто ми се чини дека секогаш успеваме да го задржиме и подобриме резултатот кога Ендо игра. За прв пат имав карти за во Копот и стварно навивачите беа супер. Малку и горда што успев да се приклучам во пеењето. Меѓутоа генерално на Анфилд можеше да биде погласно и поживо.

 

 

OLSC Macedonia: Arne Slot и една нова етапа во историјата на Liverpool. Кои се твоите очекувања и твоето мислење околу тоа?

Тина: Одиме понатаму. Борбата продолжува, само се надевам и со тројцата мускетари.

 




Гоце Бојкоски и Методија Зајкоски - Прилеп

 

 



YNWA!