10/03/2026
Galatasaray - Liverpool 1:0 , прв натпревар од елиминационата фаза во Лигата на шампиони оваа сезона. Наши членови беа на стадионот во Турција и во прилог кратка репортажа и збор два од Кристијан од Гостивар.
КРИСТИЈАН: 10.03.2026, нокаут фаза од Лигата на Шампиони и уште една препрека за нашиот Ливерпул. Овој пат како и претходниот, ми беше укажана шанса повторно да си го бодрам клубот, но овој пат во еден од најжестоките стадиони, на едно од најтешките гостувања, Галатасарај во Истанбул.
КРИСТИЈАН: Кога пристигнав во Истанбул, после сместувањето, се упатив кон збирното место пред Султанахмет џамија, каде сите навивачи заедно исчекувавме да се упатиме према РАМС парк. Огранизиран превоз до стадион, песни и нови познанства. Навивачи од различни делови на светот, Африка, Америка, Азија, Европа, сите со една цел, да одиме на победа.
КРИСТИЈАН: Дојде моментот, 20:45 локално време, стадионот почна да врие, кореографија претставена од навивачите на Галатасарај, поздрав за нивниот напаѓач, Виктор Озимен, емоционално и порака испратена дека сите се како едно. Се пееше песна и колку и да се трудевме, немаше шанси покрај побројна публика да ги надвикаме. Но, нашите играчи го препознаа поздравот, не поздравија и се упатија кон последните припреми.
КРИСТИЈАН: Играта беше генерално лоша и резултат секако не беше посакуван, но атмосферата и борбата беа на највисоко ниво. Разбирливо е што толку екипи и играчи подклекнуваат пред публика која повеќе од 100 минути е активна во поддршка за својот клуб. Честитки за победата на Галатасарај, ќе мора подобар реванш на Енфилд и да се оди на пролаз и секоја чест за навивачите, гостопримливоста, организираноста и атмосферата која е сигурно во најдобрите 10 во Европа, ако не и топ 5.
КРИСТИЈАН: А од Истанбул, добра храна, убави места за посета и овој пат преубаво време, сончево и топло.
До следното видување YNWA!