2 Регионален собир - Зрењанин 2013

01/09/2013


Вториот регионален собир на навивачите на Ливерпул се одржа во Зрењанин во организација на момците од LFC Serbia. Собирот сам по себе одлична можност за дружба, фактот дека на собирот се гледа вечното дерби со Јунајтед, причина повеќе да се посети овој настан.

5 ентузијасти, едно Fiat Stilo, многу заебанции и преку 600 километри подоцна, ете не во Зрењанин. По направениот одмор и одличниот провод во Смедерево и кружењето низ цела Војводина заради тамошниите блокади на патиштата конечно стигаме пред клубот Сан Марко. Воодушевувањето следи уште на самиот влез во Зрењанин. Пред нас навивачи од Пожаревац кои откако видоа дека од нашата кола се веат шалови на Ливерпул веднаш застанаа на сред улица за да се сликаат со нас. Пријатната атмосфера , опркуженоста со прекрасни ‘Црвени‘ луѓе желни за дружба и добар помин се почувствуваа уште на влезот на клубот во кој се следеше натпреварот.

Стигнавме саат време пред почетокот на натпреварот и веднаш бевме пречекани од организаторите, неколку фантастични момци кои сериозно ја сфатиле организацијата и се погрижиле работите да се одвиваат беспрекорно и под конец! Уште при самото влегување во клубот можевме да видиме дека организаторите се погрижиле сите навивачи да добијат место за седење (нешто што после 1 минута од наптреварот не беше битно бидејќи сите стоеа) и место за навивачките банери. Банерот на Macedonian Reds беше закачен на самиот влез на клубот и можевме да забележиме дека имаше огромна заинтересираност за него и многу луѓе застануваа да се сликаат со банерот. Веднаш следеше срдечно поздравување со сите навивачи небаре се знаеме цел живот, топлина, пријателство и заедништво кое ретко кога се чувствува. Тука беа и дел од луѓето со кои редовно комуницираме и соработуваме на фејсбук преку навивачките фб страни, а имаше и такви со кои прв пат се запознавме. На собирот беа присутни навивачи од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Настанот имаше одлична медиумска покриеност и беа присутни претставници од телевизиски и интернет медиуми. Бидејќи имавме уште 45 минути до почетокот на натпреварот, времето го искористивме за давање изјави и интервјуа за локални и национали медиуми, меѓу кои и престижната ТВ Прва, во кои го претставивме и промовиравме нашиот фан клуб. Имаше и повеќе групни сликања за кои се погрижи професионален фотограф, ангажиран од организаторите, потег кој уште еднаш говори колку професионално си ја сфатиле работата. Полека но сигурно доаѓаме до почетокот на натпреварот. YNWA, Fields of Anfield Road, Who the fuck are Man Utd, песните на Стивен Џерард, Луис Суарез, Сами Хипија, Рафа Бенитез, песниите против Ван Перси и Фергусон ечеа за време на целиот натпревар.

4 минута, Стариџ дава гол и целиот клуб експлодира!!! Одличната атмосфера, заедничкото навивање и песни продолжуваат до полиувремето. На паузата домаќините организираа наградна игра на која се даваа доста вредни награди, како оригинални дресови од изминативе неколку сезони. Воедно паузата ја користиме за доделување на Меморандуми за соработка со кои ја официјализираме соработката на нашиот фан клуб со навивачите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На крајот на полувремето паѓа и договорот, Македонија е домаќин на следниот регионален собир на навивачи на Ливерпул!!!! Со чувство на огромна чест, задоволсто и среќа го дочекуваме стартот на второто полувреме! Со видно опаднат интензитет (што ради заморот, што ради пивото) продолжуваме со навивање. Маринер свири крај, уште еден бран на воодушевување и песна!

Натпреварот заврши, полека го напуштаме клубот. Пред клубот уште малку сликање и муабетење со останатите момци и девојки, за брзо потоа да тргнеме назад во Скопје. Дефинитивно еден од најубавите викенди во мојот живот и доживување и чувствување на она дека ‘Ливерпул е една голема фамилија‘‘.