22/10/2014
Љупчо Талевски е битолчанец кој е роден во Gothenborg, Sweden каде што и живее со својата фамилија. Женет е со сопругата Силвана и татко е на две деца, Ana Marija и Kristian Steven за кој што вели го носи името на Gerrard бидејќи му е во душата и неговото име мора да биди во фамилијата. Животна желба му е да се слика со капитенот и да добие автограм кој би го истетовирал веднаш до тетоважата со амблемот на клубот која ја има долги години . Љупчо е вработен како сервисер за поправка на електронски плочки во фирма за медицински апарати (звучи помпезно но не и така платено :) )
Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?
Генерацијата на татко ми шо живееше во Шведска во 70тите и 80тите постојано како тема на разговор кога станува збор за фудбал им беше Ливерпул и нивниот стил на игра. Така и јас се заинтересирав за нив и да ги пратам како дете , Barnes, Fowler, McManaman , Owen , Ian Rush кој за некој месец иди во Шведска и ке се сликам и со него, a досега се имам сликано со Litmanen , Agger, Hyypia, Aldridge и многу други.
Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?
Играч STEVEN GERRARD, генерацијата од 80тите со King Kenny, Hansen, Rush, Kennedy, Souness , кога намајтап земаја титули . Тренер Bob Paisley а се друго наваму е само мажуретки од финансиски интерес.
Што мислиш за моменталниот состав и начин на водење на клубот ?
КАТАСТРОФА ! За пари го зафркнаја клубот. Неквалитетни и некомпетентни луѓе го водат клубот без идеи. Собрани играчи од просечни клубови што незнаат која им е десна а која лева нога, премногу занесени и самобендисани.
Твое мислење за оваа сезона , кој каде ќе заврши ?
Реално не сме за топ 4 а и Arsenal и United не се нешто појаки од нас. Rodgers можи да го прими писмото на крајот од сезоната. Лани имаше среќа шо Луис играше во животна форма а и не е тренер шо е технички поткован или знај да мотивира. 1.Chelsea, 2.City , 3.Arsenal па ние па United. Сезоната ко сезона засега е ужасна. Лоша трансфер политика, ги искоцкаја 120 милиони од Suarez а играчи ко Can, Lovren, Sakho, Lambert, Markovic не можат да се носат со притисокот и вниманието кое и го немаја во своите бивши клубови. Наместо да привлечиме играчи од светска класа ние купуваме недокажани просечни играчи . Mignolet благе везе нема , Skrtel i Glen се изгубени во свемирот а шпанците двата бекој не знат кај се дојдени . Lovren и Sakho за лижалче да ги трампаш во ќар ќе бидиш, Sturridge поќе на боловање е одколку на работа , капитенот полека заоѓа а Balotelli не знам зошто го купија .
Liverpool - Real Madrid ?
На утакмица бев со братми пошто сакаше да се увери каково е чувството на Anfield и во градот кој дојде од Битола . Требаше да летаме со Lufthansa во понеделникот до Manchester а истиот ден известија дека ќе штрајковат и дека нема летој од и до Германија. На работа плачев ко дознав али бев упорен во намерата да заминам по секоја цена. Втора опција за лет до Manchester i Liverpool немаше па се јавив кај пријателот во Liverpool шо ми средва за карти и смештај и тој ми најде варијанта од Gothenborg до London со Ryanair а после со воз до Liverpool . Имаше уште три слободни места и одма во вторникот набавив две карти . Од London со три прекачвања стигнавме со воз до Liverpool . Само шо излеговме од возо бев кефој шо пак сум тука , насмеан вкрај , градот ми се виде поубав од предходнио пат ко бев тука . Да не бев женет или да имаше електронска индустрија во Liverpool одма ќе се преселев тука .
Градот се сведва на две работи , The Beatles и Liverpool FC . Среќа шо јас ги сакам и двете работи и на секој агол има продавници за сувенири и од едните и од другите. До шо имавме пари јас и брат ми потрошивме на сувенири , билијард , облека и пиво , чоек немој да се воздржи . Луѓето се прељубезни , сакат да помогнат а таксистите знат се за фудбал. Неодаман е изграден Liverpool ONE модерен трговски со сите нишани а освен Anfield највпечатлив е Albert Dock каде што се сместени повеќе музеи , Echo арената и двете згради шо на врвот го имат симболот на градот "то петлето со тревка во уста". Разноразни специјалитети од сите кујни , безброј пабови и шо уште не а на секој ќош врие од туристи шо чкрапат со апаратите и влечкат најлони од The Beatles и Liverpool FC .
Anfield е нешто посебно , спектакуларно и несекојдневно . Возиш на улица , меѓу куќите и ете го . Не изгледа толку голем како на ТВ , мал е а колку само историја , успех и традиција има на тоа магично место . Paisley gates и Schankly gates , статуата на Shankly a пред нив безброј туристи се сликат , сето тоа позади KOP . Одспротива е Hillsborough memorial , плочата полна со свеќи и шалој од разни клубови .
Таксистот ни раскажа неколку интересни случки . За еден Австралјанец шо дошол до Anfield само да ја осети атмосферата (немал карта) туку се вртел околу стадион како пес пред касапница , почнал да се врти од возбуда и се расплакал од самата атмосфера . За season ticket ако имаш среќа можиш да добијаш по 16 години од ко си аплицирал а сега се чека и над 20 години . Ни кажваше и за луѓе кои откако умреле , пепелта им била расфрлана по KOP трибината бидеќи биле хардкор фанатици .
Liverpool FC е многу повеќе од било која негова постава, играч, тренер ... Што би им порачал на оние фанови кои цело време по форуми кукаат дека вака сезоната нечини ?
This is what it worth to live for. This is absolutely f****** amazing. LIVERPOOOOL I LOVE YOU !
YNWA!