5 Регионален собир - Љубљана 2015

12/09/2015


Четвртиот регионален собир се одржа на 12/09/2015 година во Словенија , во Љубљана.

Тргнување

Од самиот старт знаевме дека не чека долго патување бидејки во прашање се 1.000км во еден правец. Околу осум часот се собравме сите тројца, и накај осум часот и половина излеговме од Скопје. Како тргнавме почнаа муабетите за утакмицата и околу се останато што се случува во клубот. Кој тим ќе го пушти Брендан, која формација, што е подобро дали дијамант или стандардната 4-3-3, Јунајтед со кои играчи ќе излезе, шансата да го победиме Јунајтед кога неигра ништо посебно и ред други муабети. И така зборувајки на теми што на сите ни се исклучително драги, не ни забележавме дека поминале пет часа и дека е дојдено времето за ручек.

Застанавме да јадеме, и Филип вели “Ајде едно селфи ,да ги поздравиме сите во Македонија”. Ја праќаме сликата на групата и одма почнуваат коментарите: “Со среќа дечки, со победа да се вратите”, “Среќен пат момци”, “Убав помин” итн. После пола час пауза, повторно во кола бидејки сеуште не чека долг пат.

 

Шок на граница

Македонско српската граница ја поминавме доста брзо па не ни очекувавме нешто посебно многу гужва по пат. Но кога стигнавме на српско-хрватската граница што да видиме ? Колона долга 2 километри. И тогаш се сетивме дека ова е последниот викенд од сезоната во која гастербајтерите од јужните земји на Балканот се враќаат према Европа. Но со добро друштво времето брзо поминува. После два и половина часа , влеговме во Хрватска и потоа се си одеше во најдобар ред. Во Љубљана стигнавме вечерта во 10:30 часот..

 

Пристигнување и сместување

Пред влезот во Љубљана не чекаше Шериф т.н. Шеки, главниот организатор на собирот, заедно со Бостјан или Боки, уште еден дечко од словенечкиот бренч, кои како одлични домаќини одма не однесоа до хостелот каде бевме сместени. Хостелот ни се наоѓаше точно карши пабот во кој го гледавме натпреварот и беше супер место. Во соба бевме сместени со дел од босанските и црногорските навивачи на Ливерпул, па можете да замислите колку смеење имаше. Бидејки бевме екстремно гладни, Шеки и Боки не однесоа на сендвич со коњско месо, што е доста познато јадење во Словенија и нешто налик 7ца во Скопје.

Откако се најадовме убаво, отидовме на пиво во пабот каде утредента беше договорен собирот, но бидејки патувавме цели четиринаесет и половина часа до Словенија, после кратко време уморни се вративме во хостелотза да одмориме за утредента.

 

Втор ден – Сабота, 12.09.2015

Прошетка низ Љубљана

Станавме накај 07:30ч и до 08:00ч веќе бевме излезени. Уште поспани, но возбудата се зголемуваше се повеќе и повеќе. Шеки не однесе на прошетка низ градот. Впечатокот кој го добивме од градот беше фантастичен. Средено, чисто, плански изградено, тивко и мирно, место кое навистина наликува на модерен, урбан и современо организиран европски град.

По час и половина шетање низ градот седнавме во едно од кафулињата кои беа сместени на самата река Љубљаница која тече низ градот.Шеки ни објаснуваше нешто повеќе за градот, текот на организацијата на собирот, начинот на кој е организиран словенечкиот бренч, но не заборави повторно да ја пофали организацијата на III-от регионален собир во Скопје, кој според сите, е досега најдобро организираниот собир воопшто.

Додека да се свртиш дошло 10:00ч и е време полека да се упатуваме накај фудбалското игралиште каде беше договорен термин за фудбал.

 

Фудбал со останатите фанови

Во 11:00ч стигнавме на терените на атлетскиот клуб “ЖАК Љубљана”што во превод значи “Железнички Атлетски Клуб Љубљана”, каде не чекаа дел од луѓето од словенечкиот бренч. Имаше навивачи не само од Љубљана, туку и од Марибор, Нова Горица, како и од други места во Словенија. После половина час разговор со луѓето кои првпат ги гледавме, излеговме на теренот и почнавме да играме фудбал.

Во меѓувреме дојдоа репортери од словенечката ПОП телевизија, кои снимија дел од рекреативниот натпревар, по што Филип како еден од тројцата навивачи на Ливерпул од Македонија даде изјава. Во 14:00ч по изиграниот фудбалски натпревар, пристигнаа навивачите на Ливерпул од Босна, Црна Гора и Хрватска, и околу 14:30ч Шеки ни приредува изненадување :) . Влегуваме ние во клубот, кога што ќе видиме? Печено прасешко и јагнешко месо не чекаа на масата. Балканци како балканци, го изедовме за кратко време ;) .

Веќе дојде 16:00ч и полека се упативме накај пабот.

 

Дружба пред Натпреварот

Во пабот пристигнавме околу 16:30ч. И покрај тоа што не се собравме во огромна бројка и бевме околу педесетина луѓе, дружбата беше феноменална. Знамињата и банерите се местеа а песни се пееја непрекинато. Се беше одлично. Колку само пиво се испи тој ден. Тоа едноставно не би го коментирал ;)

 

Но она што беше посебно убаво беше позитивната енергија која се чувствуваше кај секој од нас. Луѓе дојдени од сите страни на овие простори, чии држави и народи до пред некое време не сакаа да се погледнат едни со други, а сега сплотени на едно место со една единствена цел - ЛИВЕРПУЛ. Ако ви кажам дека во целата таа дружба ниту еднаш не се осети некаква поделба или заземање на страни или било што нема да Ве излажам. Како со години да сме си живееле едни со други.

 

Дојде 18:30ч и натпреварот започна.

 

Натпреварот

На самиот почеток на натпреварот, атмосферата беше одлична. Сите со погледите вперени во телевизорите и бимот, а на секоја шанса ќе се чуеше по некој извик на задоволство или негодување. Се разбира, не може да помине натпревар без некој да се направи повеќе или помалку стручен за некоја ситница, но севкупно расположението беше на високо ниво. Првото полувреме заврши нерешено и на полувремето одма почнаа муабетите што и како да се менува и каде ни се пропустите. Но едно беше јасно, Ливерпул мораше посилно да нагази и да ги земе работите во своите раце.

Оливер го означи стартот на второто полувреме и за кратко време одма разочарување. Блинд постигнува гол, после одлично изведениот слободен удар на Јунајтед. Почнува да расте нервозата, и за десетина минути стигнува уште едно разочарување. Гомез прави пенал, а Ерера дава гол и зголемува на 2-0. Видно беше разочарувањето кај сите од нас. Некои ќутат, некои викаат, некои удираат по масите и останатите предмети на секој прекин. Но дојде моментот кога Бентеке постигна “еврогол” и кај сите како да се врати надежта. Повторно почнаа да се пејат песни, да се скандираат играчите, но не за долго. Мартиал со одличен соло продор го поминува Шкртел како да е мало дете и постигнува гол за 3-1. Јасно ни беше на сите дека ова ќе биде вториот пораз во сезоната. Голем дел од луѓето беа многу љути. Не поради поразот, туку поради лошата игра.Ливерпул од секогаш се трудел и играл со срце, но овој пат како да недостасуваше тоа.

 

Дружење по натпреварот

Едно нешто научив од овој собир. Ниту резултатот , ниту играта , ниту ништо не е толку битно , колку дружбата со луѓето кои исто како и себе го гледаат Ливерпул како една врста на религија. Како занос и пасија која неможе да ја разбере никој друг освен тој кој секој ден е со мислите вперени кон активностите на овој клуб

 

Не можам да Ви опишам колку убави спомени ни останаа од ова дружење. На крајот од собирот, претставниците на сите бренчови кои беа присутни се договорија дека наредниот собир ќе биде во Загреб кон крајот на оваа сезона, односно во април или мај за што ќе има дополнителни информации.

На самиот крај од целото дружење претставниците од словенечкиот бренч како одлични домакини на сите гости им подарија шалови на кои пишуваше “Liverpool – Slovenia”. Еден убав гест со кој се заврши целото ова дружење. Уморни и “помалку” изгубени од толку саати забава, се прибравме во хостелот за да се одмориме, бидејки утредента повторно не чекаше долг пат за назад.

 

Трет ден – Недела, 13.09.2015

Враќање према Скопје

Искрено, сакавме да останеме уште малку, бидејки босанските и црногорските навивачи на Ливерпул си тргнуваа назад покасно, поради пократкиот пат кој требаше да го патуваат. Секако поради долгото патување за Скопје, таа опција одма ја отфрливме. Се поздравивме со сите, со Шеки, Дачо, Бране, Ада, Селма, Едо и останатите и околу 9 и пол часот тргнавмезаСкопје. Повторно зборувавме за Ливерпул речиси целиот пат, освен во моментите кога Пејчиќ не’ смееше со мал милион от вицови кои ги имашена располагање ;). Бидејки сите тројца сме луѓе кои секогаш ги подржуваат играчите и менаџерот, затоа што истите се интегрален дел од функционирањето на клубот, прикрај од патувањето решивме да се нашалиме малку и снимивме едно видео каде нашала викаме: “Како Брендан, каков Роџерс”, пошто почнуваме да пееме песни за Рафа. Видео кое верувам поголемиот дел од вас веќе го видоа.

Во секој случај, прекрасно патување, огромно искуство и незаборавно дружење. Нешто што секако ќе гледаме да го повториме. За крај благодарност до здружението на навивачи на Ливерпул од Македонија и сите членови на истото, кои помогнаа во одредена мера, ова долго патување да биде остварено, благодарност и до словенечкиот бренч кој приреди одлично дружење, и тука посебно би ги напоменал Шеки, Томаж и Боки кои се погрижија да бидеме одлично пречекани и угостени.

 

Диме, Андреј и Пејко. YNWA!