11/12/2016
Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?
За Ливерпул слушнав прв пат како дете на финалето на Хејсел, после таа трагедија ми стана занимливо кој е тој клуб што има такви фанатични навивачи и во тоа време хулигани. Од тогаш повремено го следам а во последните 15 год и многу по интензивно и навивачки.
Liverpool - West Ham ?
Ливерпул сум го гледал во живо само 3 пати досега. Во Скопје, во Мајнц пријателска и еднаш на Енфилд 12.2016 год.против Вест Хем првенствена. (2:2).Го гледав од КОП.
Кога аплицарав за карта за прв пат имав право само на утакмици против екипи од долниот дел на табелата. За да гледаш против Ман. Јун. мораш во претходна сезона минимум 4 утакмици да си гледал на Енфилд а и тоа не ти гарантира дека ке добиеш карта.Продажбата на карти оди секогаш крајот на јули за цела полусезона.Продажбата трае 60 мин. и за тие 60мин. се распродаде секогаш целиот стадион за таа полусезона.
Нормално,за да аплицираш за карта мораш да имаш официјално членство во клубот кое не е воопшто скапо за разлика од други клубови во Европа 34€ годишно(н.п.р. за Келн е 90€)со тоа имаш и 10% попуст во Фан Шопот. Членство имам веке трета година и официјално сум пријавен како од Macedonian red‘s.
Чувството кога влегов прв пат на Енфилд не се опишува, атмосверата на Коп и на цел стадион беше феноменална, може да замислам како е сега кога се бориме за титула.
YNWA!