PREMIER LEAGUE - LIVERPOOL - NEWCASTLE

Велибор Крстевски

03/03/2018



Мојот најсимпатичен клуб во Британија.

Над педесет илјади страстна публика дури и во Чемпионшип! Домот на Сер Боби Робсон, Кевин Киген, Алан Ширер... А за некои други и помалку важни (среден прст), Њукасл беше 'wee club in the North East'.

РАФА Е НА ЕНФИЛД! Осеќам лична потреба да го поздравам творецот на нашиот најголем успех за овие три декади. На Њукасл му посакувам „Rafalution” во иднина, а на Ливерпул три бода пред наредното дерби со Јунајтед и походот во ЛШ.

Ps. Англија е во немилост на “The Beast from the East”. Цели 2 сантиметри снег во Лондон одложуваат летови, редовни железнички линии, затворен патен сообраќај, прекини на електричната енергија во селата. Англиската статистика вели дека оваа недела е најстудената во последниве 5 години, а се шпекулира за последните 67! Дури -3 степени во Лондон, а во периоди од ноќта неверојатни -13 на северот од Англија! National Grid соопштува за недостаток на гас во четврток наутро. На територијата на Британија е активирана црвена тревога, а за нас црвената тревога е на Main stand


YNWA!