24/04/2018
Полуфинале Лига на Шампиони , Ливерпул - Рома. Нашиот член Љупчо со ВИП влезница беше на Anfield. Чувството да го гледаш Салах како дава два гола на само 10 метри пред тебе неопишливо.
Банерот Allez Allez Allez беше на цел стадион и пошироко јас го купив за спомен и нема никој друг такво :) раскажува Љупчо.
Се истури во дожд 3 дена со ред, смрзнав, настинав,се споболив со температури и триста работи. Другио ден со авионо заминав за Стокхолм на такмичење за плочки лемење беше првенство за кој е најдобар во Шведска.
Целиот под делириум и зарипнат,мамурен, неспан, смрзнат освојв трето место а да бев тро појќе свеж да ми гледаја очите ќе бев државен првак на шведска ама то е то.
Во Ливерпул топ си поминав таква утакмица во животот немав гледано таква еуфорија ...
ЉУПЧО: За сите оние што патуваат на Anfield не им е потребен голем багаж, доволно е да собери ова што јас го имам во плакарот:
ЉУПЧО: Немам слика со Kenny но сум се сликал со Ian Rush најдобриот голгетер на клубот.
ЉУПЧО: Со Ian Callaghan човекот со најмногу изиграни натпревари за клубот.
ЉУПЧО: Со Steven Gerrard.
Со Џерард во Скопје ко ми се потпиша под амблемот од Ливерпул и одма појдов да го тетовирам потписот.
Другио ден на Инстаграмо ја гладов сликата и Џерард ми ја лајкна :)
YNWA!