03/13/2019
Томе Влашевски роден на 23 јануари 1959 година во Легница – Полска од 1964 во Македонија... Заввршено средно земјоделско училиште во Битола и факултет за физизичка култура во Скопје... Непосредно по завршувањето се вработив во ЈНА како референт за физичко вежбање, малку поработив и во АРМ и од 1996 сум отпуштен од ЈНА како вишок и повеке никогаш не работев на струката... Остатокот на животот работам како музичар...а во последните години имам и своја видео продукција КУБА ВИДЕО и се занимавам со видео продукција... Како средношколец тренирав атлетика активно и бев актуелен правак на Македонија во јуниорска конкуренција на 100, 200 и 400 метри...
Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?
Тешко е да се каже зошто баш Ливерпул.....мислам дека тоа е пред се заради публиката која ја има Ливерпул...публика која секогаш стои зад екипата и во добро и во лошо.... Можеби заради Далглиш за кого само можев читам а многу многу ретко да го гледам.... Заради Хилзборо , заради Хејсел и трагедиите што ги пратеа....последните години заради Џерард период кога вистински можев да го гледам и да уживам во секој натпревар на Ливерпул.... Заради проклетството кое не прати во последните 28 години во Премиер лигата... Сега заради Клоп и дечките.
Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?
Секако Џерард.....но тука е и Далглиш....Фаулер....Хески....Агер....Алонсо....и ред други Генерација... Сигурно онаа од 2005 кога за последен пат ја освоија Лигата на шампиони.... Тренер Бенитез...Клоп ... Можеби и некој од претходниците со кои освоија еден куп трофеи но и за жал сум немал прилика да ги пратам...
BAERN M. - Liverpool ?
Последен Натпревар на кој сум го гледал Ливерпул е натпреварот со Црвена Звезда во Белград годинава во лигата на шампионите кој за жал го загубивме... Билетите ги набавивме по легален пат преку интернет...
Последен обид ми беше одењето во Минхен за натпреварот со Баерн од лигата на шампионите... Но за жал таму бевме изманипулирани од некој си Кире и не успеавме да влеземе на стадион но затоа имавме друЖенје за незаборав со навивачите на Ливерпул пред натпреварот.
YNWA!