CHAMPIONS LEAGUE - PORTO - LIVERPOOL

Филип Силјановски

17/04/2019



Филип Сиљановски. 27 годишен ‘die hard’ фан на Ливерпул и никој друг клуб/спорт/репрезентација на светов.

 

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Навивам за Ливерпул уште од мали нозе. Мојот брат (а во тоа време изгледаше како и сите останати луѓе на светот) навиваше за Манчестер Јунајтед кои тогаш беа прилично сјајни (времето на Дејвид Бекам). Уште од најмали нозе со него сме контрирале, па беше прилично лесно да се одбере најголемиот ривал. Особено во време кога извесен Мајкл Овен почнуваше да жари и пали со голови и стил на игра сличен на оној кој јас сакав да го практикувам (долго време тренирав фудбал). Како одминуваа годините, се повеќе и повеќе осознавав за клубот и поврзаноста која ја има со навивачите, што само дополнително ми ги исклучуваше сите други опции, иако освен Истанбул, многу многу радост ми нема донесено...

Длабоко сум убеден дека е најпосебниот клуб на светот од многу причини, а тоа особено ми се потврди последниве неколку години, поради тоа што имав прилика да присуствувам на 5 нивни на натпревари во живо во Лигата на Шампиони, би го издвоил ланското финале во Киев каде имав прилика да седам рамо до рамо со ‘црвените’ и буквално ја осетив целата пасија и моќ на клубот.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Немам омилен играч генерација или тренер и не верувам дека некогаш ќе го имам. Според мене, омилен играч не треба да постои во Ливерпул. Играчите го претставуваат црвениот дрес и сите треба да се наклонети да му служат на тимот, а не обратно. Премногу индивидуалци во последниве години, кои на краевите од сезоните си носеа само подобри трансфери и повеќе пари отколку што направија нешто посебно и добро за клубот.

Ако веќе некого би издвојувал, сакам да издвојам играчи како Боби Фирмино. Уживам да гледам како сфесно се жртвува за клубот и прави буквално се во негова моќ да му помогне на клубот.

PORTO - LIVERPOOL ?

Последен натпревар на кој присуствував беше гостувањето во Порто. Карти најдовме преку ‘viagogo’ уште пред да се игра првиот натпревар на Енфилд и се беше спремно за патување уште првите саат време после ждрепката. Меѓутоа нашите карти не беа во гостинскиот дел, туку домашниот, нешто што ни направи големи проблеми на Драгао!

Пред натпреварот околу 5000 навивачи на Ливерпул беа распеани низ целиот град. Атмосферата беше фантастична, а она што би сакал да го издвојам е дека од сите можни песни, 80% од времето беше посветено на пеење на песната на Боби Фирмињо. Изгледа станува најголем миленик на Скаусерите.

 

Пробавме да влеземе со гостинските навивачи меѓутоа не ни беше дозволено, па моравме да влеземе на друга трибина(за каде и ни беа картите). Застанавме на метро од навивачите на Ливерпул и не делеше само заштитен sид и стакло од нив. Околу нас четворица се собраа уште 20тина ‘црвени’ кои извадија и огромен банер и го закачија врз логото на Лигата на Шампионите што веројатно беше пресудно. После 20 минути од натпреварот, по нас се симнаа 20-30 редари и желки кои рекоа дека мораат да не извадат од стадионот затоа што не ни е дозволено да навиваме за Ливепрул во дел на Порто (иако бевме многу културни и не претставувавме никаков проблем за било каква безбедност). После долги расправии буквално на сила не истуркаа од стадионот придружени од полицијата, што можеше да заврши и малце полошо по нас ( револтирани и спремни за реакција...) меутоа за среќа не настана некој поголем инцидент.

Беше 20-25 минута кога не исфрлија, па во следните 20 пробувавме на секакви можни начини да се вратиме внатре, што не вроди плод, се додека не забележавме еден господин кој беше лице на Уефа и ни се понуди да не внесе на стадион за одредена висока сума. По кратко ценкање, успеавме за многу малце пари од него да добиеме пропусници за на натпреварот, и успеа да не спроведе во долниот поскап дел на стадионот каде играчите ни беа буквално пред нос 😊 Беше доста интересно да се седи во море на ‘плави’ навивачи, особено што еден од нас носеше дреч црвена јакна 😊

 

Второто полувреме беше вистинско уживање, особено по головите на Салах Фирмино и Ван Дајк, и неколкуте интервенции на Алисон и одбраната и ноншалантното дриблање на Мане – буквално пред нас.

Скаузерите не престануваа да пеат и да бодрат а играчите со голема леснотија го донесоа натпреварот до крај и го однесоа клубот во уште едно полуфинале, овој пат Барселона, па се надеваме и финале во Мадрид на кое дефинитивно би присуствувале!

По натпреварот ги чекавме Скаузерите да се симнат од трибина, опкружени со големо обезбедување и нормално, заедно со нив во црвена толпа заедно се упативме накај градот пеејќи ги сите песни и смеејќи се на исходот на мечот Сити – Тотенхем. Два натпревари до Мадрид, вербата кај навивачите оваа сезона е уште поголема од лани, споредувајќи ја со онаа од полуфиналето во Рим лани, на кое исто така присуствував.

Ние четворица пак, враќајки се од Порто разговаравме и чувствувавме голема благодарност и среќа што после толку долго време, делува дека Ливерпул се врати и се стабилизираше во Европската елита, се што ни фали е пехарче!


YNWA!