CHAMPIONS LEAGUE 1/2 FINAL: LIVERPOOL - BARCELONA

Собир во Битола 07/05/2019

07/05/2019

Со зборови не може да се опише атмосферата на собирот во Битола во ноќниот клуб Расчекор, тие што беа и веруваа знаат , а тие што неможеа да дојдат или резултатот не им беше доволна мотивација да веруваат дека може да се случи тоа што се случи ги повикуваме да бидат дел од вакви дружби во иднина, бидејќи сепак најважна е дружбата и љубовта кон клубот а за се друго се грижат Клоп и компанија.

Собирот имаше и хуманитарен карактер , се донираа средства за лекување малиот Лука, а беа присутни околу 200 фанови од Битола, Охрид, Тетово, Штип. Струмица, Кавадарци, Прилеп и Скопје.

До наредна средба YNWA ! OLSC Macedonia, Macedonian Reds, RedScouser TV и сите други кои не дружеа во Битола.

 

YNWA !