Champions League Final : Liverpool - Tottenham

Собир во Охрид

01/06/2019


Навивачкиот караван Road to Madrid 2019 на Македонската црвена фамилија од Битола се пресели во Охрид за финалето на Лигата на шампиони.

На собирот беа присутни фанови од Охрид, Битола, Скопје, Велес, Струмица, Неготино, Ростуше, Лабуништа, Македонски Брод, Демир Хисар, Прилеп, Гостивар, Тетово, Штип, Пробиштип....

Главниот настан се одржа на брегот на Охридското Езеро во Кадмо бар, а предходно забавата започна во Irish Pub Five.

Како и сите собири, така и овој беше од хуманитарен карактер, средства се донирани за малата Мила.

Како домаќини , Охриѓани се потрудија и обезбедија гратис сместување и попусти за сместување во вили и хотели, за собирот беа испечатени и маици а имаше и крстарење со брод.

Секоја пофалба за Охриѓани кои овозможија незаборавна атмосфера и покрај лошото време кое остана во втор план.

YNWA

We won it 6 times




 

YNWA !