22/09/2019
На 22.09.2019 година фановите на Ливерпул имаја можност да бидат дел од голем фамилијарен пикник организиран на реката Бабуна - Велес.
На овој настан присуствуваја фанови од повеќе градови од нашата држава кои во одлична атмосфера на крајот на денот го проследија и натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул.
Организаторите се погрижија да ги обезбедат сите потребни услови за весела дружба. Беа обезбедени шатор, скара , буриња за ладење, интернет, струја, IPTV, телевизори, озвучување, жива музика...
Одлична увертира пред следниот регионален собир. YNWA!