PREMIER LEAGUE - LIVERPOOL - SHEFFIELD UTD

Иво Арсовски

02/01/2020



Иво Арсовски од Скопје, член на Macedonian Reds. From Doubter to Beliver :)

 

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Се почна 98/99 година кога прв пат на ТВ ги видов Michael Owen и Robbie Fowler кои одма ми оставија впечаток, поготово младиот Michael Owen поради причината што од секогаш сум сакал ниски напаѓачи, брзи со топка, и убиствени кога се во 16 метри. Истата година брат ми беше на одмор во Црна Гора и без да знае и без да ме праша за кој тим сум ми купува за поклон дрес од Liverpool FC (до ден денес го чувам), и така од тој момент почна љубовта према Liverpool FC и до ден денеска само расте.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

“O Captain! My Captain!”, “Ohhhhhhhh ya beauty, what a hit son, what a hit” мислам дека можам и вака да го преставам мојот омилен играч низ годините. Омилена генерација е дефинитивно оваа која што во моментот настапува за Liverpool FC и омилен тренер Jurgen Norbert Klopp „The normal one“. Нормално голема почит и за легендите без кои Liverpool FC не би бил тоа што е денес Bill Shankly, Bob Paisley и Joe Fagan. YNWA

Liverpool - Sheffield Utd ?

Како и сите догoвори во Македонија така и овој започна додека седевме со Александар Митевски (не е пеачот, овој е малце побушав) во кафана со ракија и мезе и излезе статија на Facebook страната на Macedonian Reds дека започнува аплицирање за карти на Anfield за членови на бранчот од Македонија. По долго размислување (околу 3 мин) решивме дека сакаме да идеме на мечот со Wolves за да ја прославиме и новата година некаде во UK. Аплициравме и добивме влезници за натпреварот против Wolves, но тука не се заситивме. Во Ноември месец искочи и аплицирањето за вториот дел од сезоната на Anfield, пак во кафана јас и Митевски решивме дека ќе аплицираме и за утакмицата со Sheffield United која беше закажана за 02 Јануари и за истата истотака добивме влезници. Со мали измени во летот направивме совршен план и се беше спремно за патувањето во Liverpool.

На 02 Јануари пристигнавме на Anfield околу 18:00 часот, иако цел ден беше врнежливо како да си беше темпирано дека околу 18:00 часот треба да престане дождот. Градот Liverpool пред секоја утакмица кога игра Liverpool FC на домашен терен добива посебен дух и може да се осети единството меѓу луѓето кое е заштитен знак на градот. Може да се осети како секој облечен во црвениот дрес носи дел од успешната приказната која ја започнал Bill Shankly, но носи и спомен за неправдата на Hillsborough во 1996.

Патот до Anfield овој пат ни беше преку Stanley Park кој беше преполн со навивачи на Liverpool FC каде постарите генерации им раскажуваа на помладите за успесите кој ги има направено Liverpool FC на стадионот кој блескаше пред нас, а од неколку различни страни можеше да се слушне како ечат песните: Allez Allez Aleez, Our number 9, The Egyptian King, Poor Scouser Tommy итн. Пред Anfield атмосферата беше одлична, насмеани ликови, пиво, колбаси и Fish&Chips. Влеговме со Митевски 1 саат пред утакмица, пиво е дозволено во ходникот само не е дозволено на стадион. Испивме по некое пиво (нормално Carlsberg) и се упативме кон седиштата. Седиштата ни беа одалечени на 3 метри воздушна линија со навивачите на Sheffield United кој ја направија атмосферата уште поинтересна, а плус можевме да си кажеме некој „убав збор“.

Се е спремно за почеток на натпреварот, играчите искачаат на терен и наеднаш крвта почнува да врие ладниот воздух кој дуваше до пред 5 мин веднаш се смени во топол, го креваш шалот во воздух и следуваат 4 мин тотална екстаза YOU’LL NEVER WALK ALONE, моментот кога земјата стои мирно и времето не тече. Навивачите на Sheffield United иако на 3 метри од нас не се слушаа, па и они си прекинаа со своето навивање и само уживаа во атмосферата која што може само да се долови на Anfield. Почеток на утакмицата, неполни 2 песни повторно делириум, The Egyptian King 5-та мин. 1:0. Потоа следеше целосна доминација на Liverpool FC во секој можен аспект. Полувреме 1:0. Почнува второ полувреме повторно со целосна доминација на Liverpool FC за да резултира со одлична акција Mane-Salah-Mane и погодок во 64 минута за да се осигура победникот на овој натпревар. Последниот свиреж на судијата и конечни 2:0, 50000 насмеани ликови, јас и Митевски пак низ Stanley Park си правиме муабет колку брзо ќе дојде Мај :) YNWA

На крај на статијата сакам да изразам огромна благодарност до цела екипа на Macedonian Reds за помошта да се оствари ова патување, поготово огромно ФАЛА за Горан од Битола кој искрено се залагаше од самиот старт за се да биде во најдобар ред и на кого му должиме еден убав ручек во кафана :) Па може ќе падне договор пак во кафана за на Anfield :)


YNWA!