Season 2019/2020

Sostanok vo Prilep

07/03/2020


 

Почитувани навивачи на Liverpool FC и членови на фан клубот,

На состанокот одржан во Прилеп во присуство на претставници на повеќе региони и претставници на мислењето на повеќе региони, беше разгледано и отворено разговор за следните теми:

  • 1. Назначување координатор на фан базата по региони . Назначен Андреј Попоски во формална улога на секретар на фан клубот каде се објаснети неговите обврски.
  • 2. Околу собирите на фановите поддржани и организирани од фан клубот беше донесена одлука да од наредната сезона се прават 2-3 национални собири и се поддржат како главни евенти, да нема паралелни евенти, а за оние кои нема да можат да присуствуват да се наведува листа на пријателски места каде ќе можат да се следат натпреварите на клубот. Локално секој може да приредува средби и дружби но ако тие се од хуманитарен или било каков друг карактер поврзан со симболи и името на фан клубот ќе мора да бидат консултирани со фан клубот.
  • 3. Секоја наредна хумана акција ќе мора да биде транспарентна и координирана со другите членови на одборот на фан клубот а секоја уплата да оди со докажана уплатница за трансакцијата на средствата не покасно од 12 саати по завршувањето на собирот.
  • 4. Беше разговарано и за надомест на чланарина за фан клубот во износ од 600 денари почнувајќи од Мај 2020 година. Средствата би се трошеле пропорционално и наменски за потребите на главните собири на фан клубот како реквизити, простор и слично.
  • 5. На состанокот се отвори и темата за составување на одбор на фан клубот од минимум 15 членови од различни региони од државата кои ќе се состануваат и договараат на состаноци за активностите на фан клубот. Овај одбор треба да е составен од членови со официјално членство од Ливерпул. Секој член од одборот застапува свој реон во кој ќе треба да регистрира и зачленува фанови кои ќе бидат дел од фан клубот и ќе соработува со останатите членови за тековни прашања и проблеми на фановите.
  • 6. Да се постави и лице од одборот кое ќе биде задолжено за координација и помош околу хуманитарниот аспект на секој собир.
  • 7. Да се формира група на социјалните мрежи за подобра комуникација на членовите на одборот.

Состанокот беше со цел да се зближат инетресите на фановите и да се заштити името на клубот од проблеми и активности како последниот собир во Струмица. Собирот во Струмица беше организиран на ниво од фановите од Струмица но не беа исполнети понатамошните обврски кои придонесуваат до етикетирање на сите фанови поради постапките на поединци.


 

YNWA!