27/03/2020
"Ливерпул го стартува Project YNWA, проект наменет за поддршка на навивачите ширум светот во време на пандемијата На 25 март 2020 клубот одржа видео конференција со претставници на преку 70 официјални навивачки ограноци со цел да ги информира фан клубовите за старт на проектот Project YNWA, кој има за цел поддршка и помош на навивачите и заедниците во кои живеат во време на коронавирусот.
На веб конференцијата говореа извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур и менаџерката на меѓународните фан активности, Џејн Филипсон. На состанокот свое излагање имаа и претставниците на фан клубовите, кои даваа предлози и препораки што може клубот да направи во однос на олеснување на поминувањето на перидот во изолација на навивачите, меѓутоа и помош и поддршка на заедниците во кои живеат. Беа предложени повеќе интересни работи меѓу кои видео пораки на различни јазици од играчите, повеќе Q/A сесии со играчите, воведување бесплатно користење на телевизијата на клубот и слично.
OLSC Macedonia беше претставувана од Игор Јадровски, кој сподели како функционира нашиот фан клуб во периодов и како пробуваме да ги анимираме навивачите со репризирање на натпревари и хајлајтси преку хаштагот #MacedonianRedsInQuarantinе. Тој меѓу другото предложи зачестување на интеракцијата на играчите со навивачите преку сесии на прашања и одговори (Q/A) на социјалните мрежи.
Клубот ги увери сите официјални ограноци дека максимата YNWA сега најмногу треба да се покаже на дело и дека клубот стои за било каква поддршка на навивачите и луѓето генерално ширум светот и е достапен за секакви предлози и препораки.
Нешто што беше неизбежно, а дојде на крајот на состанокот од самиот Питер Мур (btw, каква царштина од човек, разговараше со сите претставници на фан клубовите како да сме другари 100 години) е уверувањето дека и на ниво на Премиер лига и на европско ниво во сите тела на УЕФА и ФИФА во кои членува, во моментов има ист став - сезоната ќе се доигра и дека во мометов има 0% шанси за поништување на сезоната.
Бидете безбедни, останете здрави, од сите нас зависи. YNWA!
Во прилог видео и линк предложени од Peter Moore.
#liverpoolyogastudios: https://www.instagram.com/liverpoolyogastudios/
Видеото може да го гледате на следниот линк на Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=YcIPVv-LKg8
YNWA!