Хумана акција во Битола

Донација од OLSC Macedonia

25/06/2020


По подолго време Liverpool FC e шампион во Премиер Лигата.

Оптимистички од наша страна и со нетрпение за големиот успех беа направени шалови пред тоа да се случи.

Шаловите беа направени со намена за откажаниот собир кој требаше да се одржи во Битола за натпреварот со Man City, собир на кој се очекуваја фанови од повеќе држави и голем број на специјални гости.

Со оглед на ситуацијата со Covid-19, настанот беше откажан и здрави и живи ќе го организираме во некој нареден период.

Голема благодарност до сите кои учествуваја во акцијата но и за Трајче Бебекоски од Битола кој несебично се вложи и успеа да ја истера работата до крај со нарачки и изработка на шаловите со цел да се соберат средства кои беа ветени за хуманитарна цел.

Напомена за оние кои не ги подигнаја шаловите, ги вратија и не учествуваја , иако тоа го најавија, дека не е битно каков е шалот, битна е хуманата цел.

Средствата беа донирани во фонд за лекување на наша сограѓанка на која и посакуваме брзо закрепнување и оздравување , YNWA!