LFC Official Membership 2021/2022

01/07/2021


Почитувани фанови на Liverpool FC,

Изминатиов период имавме една тешка година поврзана со Covid-19 пандемијата која не спречи во нормалните активности на фан клубот, собирите и дружбите. Со оптимизам ја чекаме новата сезона на Liverpool FC и општо социјалниот живот и се надеваме дека работите ќе се вратат во нормала.

Новата сезона за фановите започна со пред-сезонските пријателски натпревари на клубот но и со зачленувањето на фановите во Liverpool FC преку официјалното членство за кое ве поттикнуваме да го купите доколку сте во можност од официјалната страна : https://www.liverpoolfc.com/membership .

OLSC Macedonia е дел од мрежата на официјални фан клубови и ви стои на располагање за било каква помош или информација која Ви е потребна. Официјалното членство е доброволно и е наменето за сите фанови на Liverpool FC а чланарина во OLSC Macedonia нема , но се што треба да направите доколку извадите официјално членство или обновите постоечко, е да се регистрирате во нашата база преку нашата контакт емаил адреса : membership@olscmacedonia.com

Пораката треба да содржи, Име, Презиме, Град, емаил, број на членство и вид на членство

При купувањето како ваш фан клуб / branch мора да одберете Macedonia.

Повеќе детали околу членството за тоа како може да се купи и која е цената има на следните линкови:

ЧЛЕНСТВО

https://www.liverpoolfc.com/membership