29/07/2021
Даниел Лазаровски, Роден сум во Велес и сум од Велес, но веке 5 години живеам и работам во Innsbruck во Аустрија, како личност сум голем оптимист и борец кој никогаш не се предава, со позитивни мисли секогаш им застанувам на проблемите со кој се соочувам како секој обичен човек низ секојдневието и животот, лојална личност сум и мразам неправда, тоа е накратко за мојот карактер.
Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?
Добро прашање за кое би можел да пишувам со денови, па овака морам да почнам од некаде😊. Како мал многу читав за спортот ме интересираа секакви статистики , историјати , дешавања, и успеси поврзани со спортот, доста читав од основање на клубови до нивно развивање, падови достигнувања и се поврзано за сите спортови. Доста читав и за култните клубови, за фановите и нивната поврзаност со клубовите,а преку директните преноси на ТВ имав можност да ја осетам страста на фановите на скоро сите клубови кои важат за едни од најголемите и кои зад нив стојат армија од навивачи, па така далечната 1996 имав само 13 години и од сите тие големи европски клубови најсимпатичен ми беше FC Liverpool .
Ме привлече неговата историја, нивното мото, креацијата на фановите кои важат за едни од најкреативните, страста на трибините , ме привлече нивната игра шо против секого се борат и играат со страст и никогаш не се предаваат. Енфилд е местото каде се случиле најмагичните вечери во европскиот фудбал. И така од далечната 1996 па се до денеска сум голем фан на FC Liverpool , можам слободно да кажам дека сум и страствен фан а луѓето кои добро ме познаваат ја знаат мојата страст према FC Liverpool.
Долги години го следам со страст и навивам со целото срце за FC Liverpool, едноставно клубот неможеш да не го сакаш кој плени со борбена игра И фер плеј , конекцијата на фановите со клубот, се е посебно во тој клуб, клубот е една голема фамилија и никој не е над клубот ... YNWA
Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?
Па за мене икона на клубот е Steven Gerrard, срцето го остави за Liverpool FC и целата своја кариера. Он е пример за лојалност на сите генерации и он е слика како треба да изгледа еден професионалец. Што и да напишам за него е премалку.
Омилена генерација добро прашање... од мое време додека навивам за Liverpool FC, оваа моментална генерација е најјака , а ако гледаме уназад генерацијата предводена од Bob Paisley е незаменлива, тоа е генерациjата која освоила најмногу трофеи, најомилен дефинитивно Клоп, плени со неговата харизма, го издигна Liverpool FC од пепелта.
Liverpool - Hertha BSC ?
На натпреварот бев со моjата сопруга, и она е фан на Liverpool FC покрај мене😊, дел од нашата фамилија беше со нас и близок колега мој од Германија кој е голем фан на Клоп. Карти набавив преку интернет, ги букирав ги платив преку интернет и ги добив преку пошта. Атмосферата не е како на Енфилд не беше толку бучно 😀, јас живеам на 400 метри од стадионот и како се движевме према стадионот глетката беше фасцинантна, насекаде се движат луѓе со Liverpool дресови ,се пие пиво, насмеани возбудени луге, на стадионот можеа да се забележат и мали групи со Херта дресови али црвената боја доминираше 95% и беа фанови на Liverpool FC.
Стадионот се полнеше, се беше мирно додека не се слушна глас и рече да видиме колку има фанови на Херта и скоро и да не се слушаше, али кога рече колку има на Liverpool FC се стресоа трибините , атмосферата беше баш опуштена, лугето се забавуваа, немаше потреба од нервоза пошто се работи за контролен меч , а што друго да се каже за атмосфера кога публиката ќе присуствува на меч во кој ке паднат 7 гола, вистинкска забава и уживање. Обезбедувањето имаше највеке работа пред мечот, млади фанови влегоа во терен и имаа чест да направат селфи со Вандајк , а по завршуванњето на мечот исто влетаа во терен фанови но обезбедувањето ги спречи да дојдат до играчите на Liverpool.
Како најинтересен детал ќе го издвојам кога публиката виде дека Вандајк и Гомез се загреваат и се спремаат да влезат во игра, во очите на сите фанови се гледаше како се исполнети, кога се најави измената на Вандајк и Гомез дека влегуваат во игра и за првпат играат после долго време и дека тешките повреди се зад нив, тоа беше моментот кој го чекавме сите, враќањето на Вандајк и ја имавме таа чест да го видиме во живо, стадионот ги поздрави со стоечки овации, силен аплауз и песни за нив.
Уште еден момент, заврши мечот, сите полека заминуваат, стадионот почнува да се празни а Клоп сам се враќа да ја поздрави публиката и да и се заблагодари од срце, и можете да замислите како реагира публиката какви овации, за играта на клубот иако недостасува пола тим искрен да бидам супер функционираа борбена игра , пресинг , комбинирање , многу трчање, пас игра, Херта играше само контра напади и нафрлени топки , играта беше баш да се види кој како функционира и кој ќе се наметне, сите знаеме дека контролните утакмици се со испробување тактики и комбинирани состави, да им се даде шанса и на младите и резервистите, правиот Liverpool FC тек следи во новата сезона.
Очекувања за тековната сезона 2021/2022 ...
Имам големи очекувања во новата сезона што е и нормално и реално, имаме силен тим кој може секого да го победи и секаде, ако немаме повредени играчи и не служи среќата би можеле да ја вратиме титулата на Енфилд, борбата ќе биде за титулата против Man City и Chelsea и само во овие 2 тима гледам конкуренција, верувам дека имаме капацитет да се бориме и за лига шампиони и за титулата во Англија , се надевам 2022 ке биде година на многу трофеи, YNWA !
YNWA!