18/11/2022
OLSC Macedonia ви пренесува уште едно искуство од наш сограѓанин кој бил на Anfield. Оваа репортажа е од Тодор Димитровски од Скопје на возраст од 71 години и пензионер веќе 7 години.
Зошто Liverpool FC и како започнавте да навивате за клубот ?
Како секој кој бил по спортот сум бил на млади години навивач на ФК Вардар. Но голем интерес имав седумдесетите години за КК Работнички, а најголем за Одбојкарскиот клуб Вардар. Во времето кога постигнуваше врвни резултати не само во YU тука и во европските купови.
За ФК Ливерпул почнав интезивно да го пратам од 1988 год. Кога ќерка ми се пресели во Англија. Зашто баш Ливерпул ... клубот не го прават само играчите. Тука е целата управа, стручниот штаб, помошниот персонал и на прво место верните навивачи. Сите предходно наброени се со одреден период на активно учество.
Во тие години кога немаше кај нас голем пристап до информации или директни ТВ преноси, повеќето информации ги добивав од ќерка ми. Денес е многу лесно, со средствата за комуникации, директни преноси. Интернетот е заслужен.
Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?
Омилен играч... тешко да се одредам за некој. Ги имало многу и ќе ги има. За постарите легенди тешко ми е да се одредам. Од моето интезивно и активно пратење се знае, Steven Gerrard. По сите основи да не ги набројувам.
Генерација... Европски Шампион во Инстамбул. Клуб со не толку многу и големи звезди како противникот, да се врати после загуба од три гола во првото полувреме. Е тоа е историско што значи публиката - дванаесетиот играч. Нема да се повтори. Да се навива толку интезивно за полувреме неповторливо. Не може да се спореди ни со навивачките групи на ракомет дали е Вардар или Пелистер. Невероватно.
Омилен тренер... Па по сите резултати и подолг период е Клоп. Донесе многу нови новини во начинот на играњето и погледите во разбирање за фудбалот. После толку голем период да си во врвот е голем успех. Тука се секако и сопствениците од Америка.
За натпреварот кој го следевте... Liverpool - Chelsea ?
На Anfield бев на 25/11/2017 год. На утакмицата со Челзи 1:1.
Бев на гости кај ќерками. Живее на Југ од Англија. Визата и авио картите ги имам на три седмици пред оваа утакмица. Сакав да гледам со клуб од горните 4. До карта никако не можеше да се добие. Ќерка ми се јави лично до менаџерот за продажба . ( се разбира предходно објаснувајки дека татко и ќе дојде од Македонија и дека сака да ме носи на Енфилд). Единствено да се добие карта беше, HOSPITALITY.
HOSPITALITY... тоа е три саати пред утакмица во Хотел Хилтон. Пијачка на влез, предјадење, јадење, десерт . За време на јадењето гостин беше John Aldridge кој ни кажуваше нешто историски моменти. Потоа транспорт со автобус до стадион, карта и враќање до хотелот со автобус. Тоа задоволство тогаш кошташе 300£. Да, вака изгледа доста, но собрано се, заедно со дружењето си заслужува. Мислам дека денес по информациите од официалниот сајт ова е од 400-500£.
Нешто што ви остави впечаток од ова патување, дружба, контакти ...
Во ресторанот имаше 20 округли маси со по 10 места. Најголемиот дел беа странци, од цел свет дојдени за утакмица. На мојата маса беа италијанец, маж и жена од Индија, двајца од Канада... Е и двајца браќа енглези кои живеат надвор, и нивниот татко. Фантастична атмосвера. Дружење не се опишува. Се гледа и на сликата го носев и банерот од Ливерпул од кај нас. Се разбира земав и потпис. Многу убави шеги. А на пат со автобусот не опоменаа да ги симнеме шаловите и знамињата, сме поминувале поред стадионот на Евертон.
Ваше мислење околу Liverpool FC во ова сезона, 2022/23...
Оваа сезона. Многу по сите основи имаше Ковидот и на клубот. Минатото првенство и лошите односи помеѓу Мане и Салах влијаеа на атмосверата во клубот.
Оваа година е почнато доста лошо, но сепак со јаките противници играме како во најдобрите денови. Парите се во прашање. Да видиме кои ке бидат новите сопственици или дел од акционерите во клубот. Но независно од се, сигурен сум дека навивачите ке си останат верни и доследни.
Порака до сите оние кои навиваат за Liverpool FC и на кои им е предизвик еден ден да бидат на Anfield.
За навивачите, пред некој ден ме контактираше Горан од Битола, со желба да напишам нешто за престојот на Енфилд. Да, има доста од МК кои биле на тој стадион или пак по европските градови каде играл Ливерпул. Се е тоа доживување, но мое мислење е доброто е да се помешате со други навивачи од целиот свет. Малку да доловите други култури како се однесуваат према клубот. Ова нашево локално е секојдневно. Се познаваме помеѓу, истите прикаски, однесувања размислувања. Дали пред или после утакмица или заедно гледање во кафич. Да кошта, далеку сме од Англија а и стандард - што е тоа.
Ајде за навивачите на ова мало парче земја. не знаев дека има поделби кај нас , и сум разочаран што не се соединивaте сите, па да се пречека Адријана на едно место. Кои сме ние фанови или пак фан клубови. Сите сме едно ...
Жално е за сите нас. Како да не ни важи паролата, НИКОГАШ НЕМОЈ ДА ОДИШ САМ
YNWA!