08/10/2023
На 8 Октомври 2023 година во Велес се одржа национален собир како дел од навивачкиот караван на кој се следеше натпреварот помеѓу Brighton и Liverpool.
Организатор на собирот беше RedScouser Macedonia а на истиот присуствуваја околу 100 фанови од Велес, Штип, Прилеп, Скопје , Охрид, Пробиштип, Битола и други места.
Покана до сите навивачи од нашата држава да присуствуваат на наредниот собир кој ќе биде најавен наскоро.
Собирот во Велес помина одлично а забавата продолжи на Велешката питијада.
На полувреме од натпреварот домаќинот во име на фан клубот додели благодарници и плакети.
Во прилог фото и видео репортажа.
YNWA !