Liverpool - Nottingham Forest

@Paisley Square

28/10/2023


 

Како и што најавивме пред десетина дена, најголемиот настан оваа година за нашиот фан клуб се одржа во Liverpool.

Оваа година имавме одлични дружби а и допрва ќе имаме , наши членови беа присутни на повеќе натпревари од пред сезоната, во Евро лигата а и неколку пати на Anfield меѓу кои и дерби натпреварите со Manchester United од минатата сезона и Everton од оваа.

Фан клубот има голема база на фанови кои сите го градиме онаков како што е па во договор со Liverpool FC за нас беше направена видео сторија која беше прикажана пред натпреварот со Nottingham Forest на Paisley Square на огромен видео бим , пред неколку илјади посетители.

За потребите на ова видео испративме стотина слики бидејќи има многу настани кои неможат да се издвојат од 2001 година па наваму но поради ограничената минутажа му дадовме слобода на техничкиот тим од Liverpool да одберат она што мислат дека е со добар квалитет а за текст да употребат информации од нашето интервју за клубот направено во Март оваа година.

LINK - интервју за www.liverpoolfc.com .


Видеото направено за нас е на youtube на следниот линк : LINK.

Имавме среќа што на овој натпревар влезници имаја и нашите членови од Охрид, Петар и Никола кои го снимија сето ова и голема благодарност до нив.

YNWA !