Почитувани фанови на Liverpool FC, членови на OLSC Macedonia !
СРЕЌЕН 10ти РОДЕНДЕН КАКО OLSC !
Пред 10 години, или поточно на 1 Октомври 2013 година нашиот фан клуб започна соработка со Liverpool FC и стана дел од мрежата на официјални бренчови кои го представуваат клубот и неговите фанови. Честитки по повод годишнината која и не е поразлична и со помала тежина од ланската, а ни од таа што следи наредната догодина. Честитки до сите навивачи на Liverpool FC од нашата држава бидејќи заедно го изградивме она што го имаме денес , без разлика дали и колку сте коментирале на фејсбук , инста или Х ... без разлика дали сте ги купиле сите дресој од Liverpool, нити па дали сте оделе по собири или други разни седенки ...
Liverpool FC во Македонија има свои фанови од секогаш кои според своите можностите се организирале и давале поддршка на клубот на свој начин, a фан клубот на Liverpool FC во Македонија како организирана група постои веќе 22 години или поточно од Март 2001 година. Беа потребни 12-13 години да се преговара и да се соработува со клубот за да станиме официјални во 2013та, не заради некој престиж , или статус, туку поради љубовта кон клубот и иницијативата на неколкумина за да се олесни интеракцијата помеѓу фановите на клубот кај нас и клубот во Англија, да се посети Anfield, да се остварат многу соништа за кои во 80тите и 90тите од минатио век не ни мислевме дека се возможни, да се приближи Liverpool FC до нас тука, на Балканот...
Во изминативе 22 години , односно 10 години како официјален бренч , нашите членови го следат клубот на сите големи натпреварувања во Европа, во Istanbul, Athens, Kyiv, Madrid, Bulgaria, Denmark, Germany, Russia, Italy, Serbia, Portugal, Salzburg, Linz, Amsterdam... Anfield , на турнеја во Америка, Австралија... a и кај нас во 2010 година во Скопје против Работнички. Од една скромна група на неколкумина прераснавме во семејство од преку 300 членови...
Годишнината на фан клубот ќе ја одбележат три настани од кои едниот помина, а тоа е собирот во Велес, додека другите два се натпреварите на Anfield , 21/10 Liverpool vs Everton и 28/10 Liverpool vs Nottingham и мораме да потенцираме некои детали кои ќе ни помогнат во иднина да бидеме уште подобри.
Првиот настан , собирот во Велес на 08/10/2023 беше во присуство на околу 100 фанови од Велес, Штип, Пробиштип, Скопје, Прилеп, Охрид, Битола и други градови . Навивачкиот караван кој започна во Велес е дел од активностите на фан клубот каде се организираат собири во различни градови низ нашата држава , кои се со хуманитарен карактер и се следи натпревар на Liverpool. Покана до сите оние кои не биле на ваков собир, во идина да дојдат и да уживаат во одлична дружба. На сликата се гледа дека знамето на нашиот бренч не е отпаковано одамна , односно од собирот во Марибор, па треба да прајме вакви дружби почесто.
Собир Велес: LINK
Во досегашните 10 години како фан клуб сме аплицирале за влезници во повеќе наврати. Клубот некогаш не одбиваше но почесто ни даваше влезници па така наши членови го следеја клубот на Anfield против: ManUtd x2 , Aston Villa, Sunderland , Bournemouth , Newcastle, Man City, Tottenham , Sheffield United, Wolves и Arsenal. Оваа година за нашите членови аплициравме за влезници за три натпревари. Тоа беа Everton 7 , Nottingham 2 и Brentford 3. Добивме за првите два а бевме одбиени за третиот натпревар.
Одтука вториот настан во Октомври е натпреварот на Anfield и градското дерби со Everton. И порано нашинци биле на градското дерби , во 2017та Иво и Марко LINK, во 2019 Стефан LINK, но во сопствена режија, ова беше првпат да добиеме влезници како фан клуб за натпревар кој можеби е шанса еднаш во животот. Поради проблемите со реновирањето на трибината беше неизвесно дали ќе ги добиеме влезниците се до 16/10 иако натпреварот е на 21/10/. Обично тоа се регулира еден месец предходно. Од почетните 7 дури 5 беа одбиени за виза па на нивно место пополнија други членови кои планираја а и дел не планираја да одат, но љубовта кон клубот е преголема да се пропушти вакво искуство.
Заради вакви проблеми кои ги имаме од Brexit па наваму, во однос на аплицирање за влезници ќе има промени во начинот за да не се случат вакви ситуации каде фан клубот ги исполнил своите обврски а заинтересираните не, било да е поради недобивање на виза или поради приватни промени на плановите. Сабота 21/10/2023 год. 13:30ч, Main Stand , L2, Row 16 , веднаш позади корнерот, YNWA !. Нашите се веќе таму !
Третиот настан и најголемиот во овој месец е натпреварот со Nottingham на 28/10/2023.
Првата работа е дека оваа објава ја пуштаме на 19/10 и сеуште немаме инфо за 28/10 дали ќе ги добиеме влезниците за нашите двајца членови од Охрид кои треба да патуват на натпреварот на Anfield. Се надеваме на позитивен исход во наредните денови.
Втората работа е договорена помеѓу нас и Liverpool FC , тие го испочитуваја нашиот фан клуб и направија видео запис за OLSC Macedonia кој ќе биде прикажан пред сите на Anfield Road , односно на Paisley Square , на огромен видео бим , пред неколку илјади посетители , веднаш до KOP и Main Stand. Честито !
Branch name: OLSC Macedonia
Known locally as/nickname: Macedonian Reds (2001-2013), LFC Macedonia (2013-2016), OLSC Macedonia (2016- )
Established: 2001
Official status: 2013
Our OLSC meets at: Dirty Old Town - Bitola, since 2021
Official website: www.olscmacedonia.com
Contact: Tel: +389(0)71520052
E-mail:contact@olscmacedonia.com
Social Network:
- OLSC Macedonia: LINK
- Dirty Old Town LINK
- Macedonian Reds LINK
- RedScouser Macedonia LINK
YNWA !
,