Liverpool - Everton

All you need is Mo !

21/10/2023


 

21 Oктомври 2023 година, градското дерби со Everton го добивме со 2:0 со головите на Mohamed Salah.

На овој натпревар беа присутни и наши членови, a до последен момент не се знаеше дали ќе ги добиеме картите поради проблеми со реновирањето на трибината.

За жал и овојпат дел од нашите не добија визи па на нивно место мораше да пополнат други членови.

Во прилог репортажа и изјави на дел од нашите членови.



АНА:

Најголема желба на секој фан на Liverpool е да изгледа натпревар на Anfield. Мојата љубов кон клубот е огромна уште од рана возраст. Радоста беше уште поголема кога разбрав дека јас и група навивачи, фанови од Битола добивме карти за градското дерби Liverpool – Everton на 21.10.2023 год.

Го испланиравме патувањето, го посетивме стадионот пред натпреварот и бевме спремни за главниот натпревар. Во одлична фудбалска атмосфера и победнички настроени со останатите македонски навивачи од други земји бевме спремни за натпреварот.

Атмосферата пред и за време на натпреварот беше неверојатна. За да биде цело искуство комплетирано, нашите победија со 2:0. Благодарност до OLSC Macedonia за можноста.

До следно скоро видување Liverpool. YNWA!!


БЛАГОЈ:

Ливерпул - Евертон. Мерсисајд дерби. Подобра утакмица неможеше да се избери за првпат да се гледа на Енфилд.

Тешко е цело ова искуство да се опиши во неколку реченици, мора да се доживеј!

Ќе напишам само дека овие 4 дена додека бев во Ливерпул се чуствував како најсреќниот човек во светот на кој штотуку му се оствари сонот.


ЈОФЧЕ:

Еве не пак нас старите кои ја имаат таа среќа а која за жал ја немаат нашите браќа од цела наша мачна КАМЕДОНИЈА.

Одиме , неодиме , има карти , нема карти но искрено до последен момент не се замарав оти како да знаев потајно дека картите ќе ни бидат одобрени

Хотел имаме-немаме , ни откажа во последен момент иако платено се преку booking.. и On the road again! Авиончето букирано до Manchester но касни и стигам во 19:40 уморен и жеден, возот за Liverpool откажан , паднал серверот па Јас еден германец , двајца Холаѓани и еден Индиец го полниме таксито и тргаме за Liverpool каде на нашето зборно место се чекаме со останатите за првото пивце.

Вечерта среќаваме и еден Холандски полицаец , искулиран , се дружиме , па добри две три нови познанства и касно вечерта јас Кики и Ива одиме во хотел. Претседателот не не дружеше , толку шетал шо му откажале нозете :) No hard feelings , ќе надокнадиме во Сабота, a ние како по обичај Liverpool не спие , ниту па ние.

Утро , Сабота 7:00 на нозе па на појадок во King Henry , се собра екипата , се купи по некое сувенирче и правец Albert Pub на некоја песна и пиво. 12:00 правец на Anfield. Времето преубо, екипата топ а на теренот се освен фудбал... Било како било, на мускули ја истуркавме некако, па по некоја солза радосница и после утакмица како шо е ред проштална вечер во CAVERN CLUB на Live Gig.

CAVERN CLUB, пред да падни батеријата еден поздрав за македонците од бендот кој свиреше вечерта

На излегвање во Legend Pub, брато наврата вели ајде на по едно , а нас не треба да ни речиш два пати ... забава до 3 сатот по полноќ.

До следно видување и се надевам дека наредниот пат ќе бидиме комплетни ! YNWA!


ХРИСТИЈАН

Liverpool ко Liverpool жив, забавен град шо не спие 24/7. Забава на сите страни, посебно во ден ко ќе има утакмица на Liverpool или дерби, посебно ако е градското. Сите локали полни, сегде музика, сегде луѓе со дресови, навивачка атмосфера и уствари права фудбалска атмосфера. Сегде се точи пиво од сабалје и се збора за фудбал.

По пат накај стадион има многу локали во куќи , пабчиња кои се отвораат само на денот на утакмицата, сите се полни со фанови и добри за дружење.

На стадион преполно со луѓе и добра атмосфера со бенд кој ги забавува сите пред утакмица, исто така интересно беше што пред стадионот беше присутен и Peter Crouch кој беше на екранот пред стадионот и се дружеше со фановите.

На овај ист екран ќе биди прикажано и видеото за нашиот бранч пред натпреварот со Nottingham.

Утакмицата мирно почна и после 30мин почна да се осеќа право дерби со поќе дуели и цврста игра. Убо навивање и добри провокации од двете страни кои го правеја амбиентот уште подобар. За споредба со United на кој бев , 7:0 , можам да кажам дека на тоа дерби беше поинтересно и имаше повеќе навивање и на стадион и надвор , поќе надвикување и нормално голови.

После утакмица се продолжува во градот до сабајле... Во Cavern , исвирија песна и за нас , не поздравија... а еден повозрасен господин ни раскажуваше и ни покажуваше слики од него со John Lennon i se okolu toa vreme...

Околу центарот , градот е тесни куќи во англиски стил , стари градби и остатоци од британската историја. Интересно беше што во било која улица и било кој ресторан беше преполно со луѓе... слично како кај нас :)

Во сите пабови и барови се слуша исклучиво rock'n roll , музика од тоа време , се пеј и има супер забава.


АНДРЕЈ:


ТОМЕ КУБА:

Ова не се опишува со зборови , ова мора да се доживеј!


YNWA !