> OLSC Macedonia

OLSC Macedonia

НАЈАВА - Новогодишна Хуманитарна Забава

BURNLEY - LIVERPOOL


Почитувани фанови на Liverpool FC,

Традиционално фан клубот организира новогодишна хуманитарна забава во Битола а втор пат во клубот на навивачи Dirty Old Town - Битола на која се донират средства со кои се купуваат лекови и храна за потребите на Домот за доенчиња во Битола како и донации во вид на облека, играчки, новогодишни пакетчиња и други ствари за дечиња. Покрај тоа може да се донира и облека која ќе се однеси во Црвен Крст на Македонија.

Настанот е на 26/12/2023 од 18ч и ќе се следи натпреварот со Burnley.

Доколку некој сака да донира или да се организира, да предложи некој на кого му е потребна помош нека не информира на нашите контакт телефон, емаил адреса или на профилот на Facebook најкасно до 24/12/2023.


Y.N.W.A !