29/12/2023
На 29/12/2023 година беше направена и третата новогодишна донација од нашиот фан клуб каде дел од донациите од новогодишната хуманитарна акција одржана во клубот на навивачи Dirty Old Town во Битола беа оденесени во ЦПЛИП ПОРАКА - Битола (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост).
Во донацијата беа вклучени и собраните пари од новогодишната хуманитарна акција а покрај тоа беа донирани и алишта и новогодишен пакет од членовите од Битола и Охрид.
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА е граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Северна Македонија.
ЦПЛИП ПОРАКА има седиште во Скопје а има свои центри во 20 градови во нашата држава.
Официјална веб страна на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА: LINK
Facebook профил на центарот во Битола: LINK
Екипа од OLSC Macedonia присуствуваше на новогодишната забава во центарот во Битола каде имаше прекрасна дружба.
Корисниците на ЦПЛИП - Битола (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост) за членовите на нашиот фан клуб како поздрав одиграа и дел од театарската претстава ,,БЕГАЛКА,, која тие како актери аматери ја имаа изведено во Домот на Културата во Битола по повод ,,3ти Декември-Меѓународен ден на лицата со попреченост,.
Исто така ни беа дадени и новогодишни сувенири кои се рачно изработени од корисниците на ЦПЛИП - Битола (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост) и кои ќе бидат поставени во клубот на навивачи Dirty Old Town.
Покрај другото на представникот од ЦПЛИП - Битола (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост), Јулијана Трајчевска , инаку навивач на Chelsea и беше поклонет оригинален шал пола/пола Liverpool - Chelsea и капа од финалето во Истанбул.
Голема благодарност до сите членови на OLSC Macedonia и до Проф. д-р Данче Сивакова Нешковски декан на Педагошкиот факултет во Битола и пријателите за учеството во хуманитарната акција.
Среќни празници !
YNWA !