Liverpool - Arsenal

Андреј Попоски

09/04/2023


Премиер Лига и повторно на Енфилд. Наши членови беа присутни на натпреварот помеѓу Liverpool и Arsenal.

Во прилог кратка репортажа од натпреварот кој заврши 2:2.


OLSC Macedonia: Ваши впечатоци од натпреварот кој го следевте...

Андреј: Ливерпул - Арсенал 2:2. Инфаркт утакмица навистина. Иако натпреварот започна на најлош можен начин по Ливерпул, дуелот помеѓу Трент и Џака беше пресвртница на натпреварот. Целиот стадион се наелектризира, играчите добија огромен ветер во грб и секој дуел беше како да е утакмица која одлучува за титула. Навистина бев импресиониран од перформансот на Трент кој ја изигра можеби најдобрата утакмица за Ливерпул сезонава, а големи заслуги за тоа одат и кај Клоп за тактиката промена со која Трент влегуваше многу почесто во средина и можеше да го диктира темпото на игра. Конате исто така имаше феноменален перформанс, го доби буквално секој дуел. Штета што резултатот не беше поповолен за Ливерпул со оглед на тоа дека Салах промаши пенал и бевме многу подобар противник, особено во второто полувреме. Квалитетот на натпреварот беше нависитна на највисоко ниво. Иако Ливерпул не игра најсјано сезонава, атмосферата на стадионот беше неверојатна. Натпреварот го гледав заедно со мојата девојка Симона која беше воодушевена од атмосферата, иако не е фудбалски фанатик. Оваа утакмица мислам дека е пресврт на сезоната за Ливерпул кој има прилично лоша сезона, но сеуште верувам во топ4.

Влезниците за овој натпревар ги набавив преку официјалниот бренч, односно кога излезе распоредот за втората полусезона го исконтактирав Горан кој е контакт лице со клубот и побарав 2 влезници за натпреварот против Арсенал и после краток период дознав дека имам добиено влезници за овој натпревар.


OLSC Macedonia: Покрај натпреварот , што во Ливерпул вреди да се види и како е атмосферата во градот ...

Андреј: Ливерпул иако е мал град во Англија, град е со голема душа, историја и традиција. Уште од самиот влез се чуствува културата на самиот град и индустриската историја на самиот град. Albert Dock, The Beatles museum, Radio City Tower, Cavern Corner се само дел од работите кои човек може да ги види во Ливерпул, како и безбројните пабови, кафичи и ресторани низ самиот град и околу Енфилд, па вистински да го осети духот на градот.


OLSC Macedonia: Очекувања за тековната сезона 2022/2023 ... и ваше мислење за наредната сезона...

Андреј: Сезонава иако не е најсјајна на резултатски план, јас сеуште верувам во топ4. Клубот поминува низ транзиција, но сеуште има врвни играчи и уште побитно го има Клоп на клупата. Очекувам интересно трансфер лето каде што верувам дека клубот ќе се засили таму каде што е најпотребно и следната сезона повторно верувам дека ќе се бориме за сите трофеи, како и претходната сезона.


YNWA !