OLSC Membership 2023/2024

LFC OFFICIAL MEMBERSHIP

08/06/2023


Почитувани фанови на Liverpool FC,

Liverpool FC започна со обновување на членствата за новата сезона и зачленување на нови членови.

OLSC Macedonia е дел од мрежата на официјални фан клубови на Liverpool FC и ви стои на располагање за било каква помош или информација која Ви е потребна околу зачленувањето.

Повеќе детали за видовите на членство и нивната намена може да прочитате на официјалната страна на Liverpool FC, како и на нашата веб страна на следниот линк:

ЧЛЕНСТВО LINK

За да го купите официјалното членство од Liverpool FC и да станете член на клубот следете го следниот линк:

LFC OFFICIAL MEMBERSHIP LINK

Не заборавајте при купување да одберете за Ваш бренч Macedonia Supporters Club, а потоа и да се регистрирате и на нашата веб страна.


Покрај официјалното членство, член на OLSC Macedonia може да биди секој граѓанин на нашата држава со или без официјално членство.

Со самото зачленување Вие имате можност да ги користите сите бенефиции од фан клубот кои ни се дадени од страна на Liverpool FC.

Напомена, оние кои планираат да аплицираат за влезници мора да имаат купено FULL или LIGHT членство и пожелно е да се регистрирани во OLSC MACEDONIA најкасно до 25 Јуни 2023 година.

За да се регистрирате во нашиот фан клуб OLSC MACEDONIA кој е официјален фан клуб на Liverpool FC за нашата држава доволно е да ни испратите податоци на еден од следните начини:

На нашиот емаил contact@olscmacedonia.com. Пораката треба да ги содржи следните податоци: Име, Презиме, Град, Година на раѓање, email, телефон, вид на членство и број на членство.

Истите податоци може да ги испратите на нашиот Facebook профил на следниот линк: LINK

За членство во OLSC MACEDONIA за сезоната 2023/2024 нема чланарина или било какви трошоци, освен вашите 5 мин за регистрација.

YNWA!