OLSC Macedonia Seasson 2023/2024

Фан Клуб

08/06/2023


Почитувани фанови на Liverpool FC,

Во пресрет на новата сезона 2023/2024 како и секогаш, Ве информираме за активности на фан клубот во припремниот период.

1. Liverpool FC започна со продажба на официјалното членство и секој кој е заинтересиран да го обнови или купи, тоа може да го направи на следниот линк:

LFC OFFICIAL MEMBERSHIP LINK

Не заборавајте при купување да одберете за Ваш бренч Macedonia Supporters Club, а потоа и да се регистрирате и на нашата веб страна.


2. Секој кој е заинтересиран да се зачлени во OLSC Macedonia доколку го нема тоа досега направено , може да испрати податоци на следните начини:

На нашиот емаил contact@olscmacedonia.com. Пораката треба да ги содржи следните податоци: Име, Презиме, Град, Година на раѓање, email, телефон, вид на официјално членство и број на официјално членство доколку ги има.

Истите податоци може да ги испратите на нашиот Facebook профил на следниот линк: LINK


3. Оние кои планираат да аплицираат за влезници потребно е да имаат или Full или Light официјално членство и треба да го купат најкасно до 25 Јуни 2023 година.

Повеќе околу видовите на членство може да прочитате на следните линкови:

ЧЛЕНСТВО LINK

LFC OFFICIAL MEMBERSHIP LINK


4. OLSC Macedonia е фан клуб на сите фанови на Liverpool FC од нашата држава. Во својата организација има официјална веб страна, официјален профил на социјалните мрежи, емаил и телефон.

Официјална веб страна: www.olscmacedonia.com LINK

Официјален профил на социјалните мрежи: OLSC Macedonia LINK

Email: contact@olscmacedonia.com

Телефон: +389(0)71520052 и +389(0)47488482

Податоците се регистрирани на официјалната страна на Liverpool FC LINK


5. На официјалната веб страна на OLSC Macedonia и профилот на Facebook може да следите новости и написи околу работата на фан клубот, а доколку сакате да прочитате други теми околу Liverpool FC, постојат повеќе страни на социјалните мрежи. Дел од нив се :

- REDSCOUSER LINK

- DIRTY OLD TOWN LINK

- MACEDONIAN REDS LINK

Ако некој има своја страна и сака да ја сподели со нас да ја препорачаме на членовите нека не контактира на нашата емаил адреса.


6. На почетокот на Јули 2023 , фан клубот ќе има состанок онлајн со сите заинтересирани членови кои сакаат да учествуваат активно во фан клубот.

За терминот на состанокот и начинот на кој ќе се оствари ќе бидете известени преку нашата веб страна.

Главни теми кои ќе бидат разгледани се:

- Избор на одбор од 15+ членови кој ќе раководи со работата на фан клубот.

- Избор на Претседател. Секретар и Благајник на фан клубот.

- Предлог за активности на фан клубот, собири и дружби во новата сезона.

Talevski Goran, OLSC Macedonia

YNWA!