11-ти Регионален собир

Марибор 2023

01-03/09/2023


 

Од 1 до 3 Септември , 2023 година во Марибор, Словенија, се одржа 11-от Регионален собир на навивачите на Ливерпул од Словенија, Србија , Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, како и гости од Австрија, Англија и други соседни фан клубови.

На овој собир во организација на OLSC Macedonia, присуствуваја и наши членови од Охрид, Велес, Прилеп, Тетово и Битола.

Претседателот на OLSC Macedonia, Томе Влашевски Куба подари благодарница за добрата организација и големото пријателство во име на сите фанови од Македонија и клубот на навивачи Dirty Old Town на домаќинот Boris Seidl од Maribor, OLSC Slovenia.

 


Домаќинот OLSC Slovenia и покрај поместувањето на датумот за одигрување на натпреварот, се погрижи за богата програма и денови исполнети со одлична дружба.

Според домаќинот програмата беше следна :

Во петокот 01/09/23 дружбата започна во барот The Living Room од 17Ч00 и продолжи во барот Route 66 од 20Ч00 со добра музика од бендот Viš Mojca jaz sn sam!

Нa 02/09/2023 во Сабота денот започна со турнир во мал фудбал помеѓу фан клубовите од 09Ч00 до 13Ч00 во спортската сала Leon Stukelj.



OLSC Macedonia падна во тешка група, a успехот го прослави низ прекрасниот Maribor, a после турнирот дружбата продолжи во Fenix Caffe до 02Ч00.





На 03/09/2023 главниот настан се одржа во Offside Bar каде присутните уживаја во победатa над Aston Villa од 3:0.




Со почит ! До некој нареден собир , а наредниот е во Хрватска..... YNWA !