20/10/2024
22 Април е Ден на планетата земја. По тој повод на 21 Април беше организирана еко акција во која учествуваја наши членови заедно со членови на мото клубот MK Konzuli од Битола, Offroad Club Pelister Bitola и академијата за програмирање Skill:UP а имаше и логистика и од ЈП-ja Комуналец и Водовод Битола.
Упативме апел и ги повикуваме сите оние на кои им пречат депонии , државата, градот , комшиите итн. , да се приклучат на вакви акции, контроли и унапредување на инфраструктурата за малку од малку да ја вратиме околината во нормала.
Неколку месеци покасно резултатите се видливи !