Premier League - Liverpool vs Wolves

Собир во Пробиштип

19/05/2024


 

Премиер Лига , натпревар Liverpool - Wolves , последен натпревар на Klopp за Liverpool.

За крај на една одлична сезона која ќе биде одбележана со заминувањето на Jürgen Klopp, во Пробиштип се одржа собир на фановите на Liverpool од нашата држава.

Настанот се одржа во Lounge Bar - COOL во Пробиштип во присуство на фанови од повеќе градови.

Честитки до организаторот , Probistip Scousers, кој направи се, овој настан да биде на највисоко ниво. За оние кои го пропуштија овој настан , да се надеваме дека во иднина ќе има уште еден собир во Пробиштип.

Собирот беше и од хуманитарен карактер , беа направени маици , шалови и други реквизити за присутните а за забавниот дел се погрижи Александар Авукатов.

Probistip Scousers , YNWA!