19/05/2024
Liverpool - Wolves , последен натпревар од сезоната за клубот и за Клоп. Во некоја варијанта пред неколку недели ќе беше натпревар на кој ќе се решаваше титулата за нас но среќата и ВАР беа на погрешно место во погрешно време и титулата повторно ја зеде ривалот.
И покрај тоа, историски натпревар ,одлична атмосфера и настан на кој сведочеа и наши членови.
Покрај натпреварите со ManCity и Sheffield UTd ова беше трет натпревар на кој добивме влезници за оние кои побараа. И повторно имаше проблеми со визи за нашите членови за влез во UК како и во предходните неколку сезони, но и овојпат нашата екипа се комплетира. Дел беа на КОР а дел за кои и немаше влезници беа надвор од стадионот и уживаја во атмосферата во околните пабови.
За наредната сезона да напоменеме повторно дека ќе има и промени во начинот на добивање на влезници за нашите членови но за тоа ќе има објава во наредните недели.
Самиот натпревар емотивен како за играчите така и за присутните. Победа на Liverpool , опроштаен говор на Klopp и атмосфера која само може да се доживее а неможе да се опиши со зборови , а за тоа бевме сведоци и на одлично организираниот собир во Пробиштип, и во Dirty Old Town во Битола а веруваме и на други места низ нашата држава каде се следеше натпреварот во живо.
Според зборовите на нашите членови кои беа , Liverpool е секогаш одлична авантура, дали имаш влезница или не , дали си со намера да одиш на фудбал или не , самиот град зрачи со енергија и живее 24/7.
Има многу места кои може да се посетат и кои имаат некакво историско значење, а уште повеќе за забава и дружење.
За оние кои се таму а немаат влезница има неколку места околу Anfield каде може да се следи натпреварот на видео бимови како и локалните пабови.
Во прилог неколку слики и видеа од настанот.
YNWA!