Season 2024/2025

MYLFC @OLSC Macedonia

02/08/2024


 

Почитувани навивачи на Liverpool FC и членови на фан клубот,

OLSC Macedonia Ве информира за сите позначајни промени околу фан клубот во пресрет на новата сезона.

Во нашата претходна објава од 07/07/2024 ве информиравме за начинот на аплицирање за влезници за оваа сезона. Со новиот начин на аплицирање и селекција за првпат имаме 3 од 3 натпревари, па така наши членови во првиот дел од сезоната ќе бидат присутни на Anfield против Brighton , Aston Vila и Fulham. За натпревари од вториот дел од сезоната ќе имаме објава во Октомври/Ноември.


Како официјален фан клуб на Liverpool FC овoјпат Ве информираме за една исклучително важна работа поврзана со сите фанови на Liverpool FC од нашата држава.

MYLFC е официјалната апликација на Liverpool FC промовирана во 2022 година. Таа може да се инсталира и користи на телефон или таблет а до сите нејзини содржини може да се има пристап и преку официјалната страна на Liverpool FC , www.liverpoolfc.com

Околу начинот на регистрација и користење на апликацијата MYLFC имавме објава на 01/06/2022 година кога сеуште беше во BETA верзија, но ќе ви објасниме повторно како да се регистрирате и како да се поврзите со OLSC Macedonia и да бидете дел од мрежата на Liverpool FC со што ќе имате можност да ги користите сите предности кои ги нуди фан клубот.

OLSC Macedonia ги повикува сите навивачи на Liverpool FC од нашата држава да го сторат следното:

  • 1. Отворете го линкот https://mylfc.liverpoolfc.com LINK на вашиот уред, телефон, таблет или компјутер.
  • 1.1. Или за Android уред инсталирајте ја апликацијата MYLFC од Google PlayStore LINK
  • 1.2. Или за Iphone/IPad уред инсталирајте ја апликацијата MYLFC од AppStore LINK

  • 2. Aко сте веќе регистрирани на MYLFC нема потреба да се регистрирате повторно, a доколку немате свој профил на MYLFC, регистрацијата е едноставна а за тоа е потребен вашиот емаил и вашите лични податоци како и при секоја друга регистрација. Ako некогаш сте се регистрирале на www.liverpoolfc.com со вашиот емаил а сте ја заборавиле вашата лозинка, имате опција за ресетирање на лозинката. Регистрацијата на MYLFC не треба да се поврзува со регистрацијата и купувањето на членство бидејќи се различни работи. Профилот на MYLFC e независен во однос на тоа дали имате членство или не од Liverpool FC и е бесплатно и без обврски кон клубот.

 

  • 3. Сите оние кои се регистрирале на MYLFC потребно е да не известат преку порака на еден од следните начини:
  • 3.1. Facebook: LINK
  • 3.2. Email: mylfc@olscmacedonia.com
  • 3.3. Viber/SMS: 071520052

Oние што ќе се регистрираат на MYLFC и не известат за тоа, во наредниот период ќе добијат LINK за покана да се придружат во кругот на OLSC Macedonia

НАПОМЕНА: Регистрација во MYLFC може да направи секој, а за кај нас право на LINK за покана ќе имаат сите македонски државјани и оние кои се жители на нашата држава.

За било каква помош околу регистрацијата може да се обратите на телефон 071520052 или на Facebook: LINK


Неколку појаснувања околу MYLFC:

Вашиот профил на www.liverpoolfc.com со кој купувате членство и овој за MYLFC се два различни профили. На профилот за членство се логирате со бројот на вашето членство а не со емаил. Официјалното членство од Liverpool FC останува како опција за секој кој сака да го има или планира да аплицира за влезници.

Регистрацијата на MYLFC е бесплатна.

Линкот за покана го добивате откако ќе не известите дека имате профил на MYLFC. Откако ќе го добиете линкот за покана , потребно е да кликнете, да се логирате на вашиот профил.


 

Dirty Old Town - Bitola е официјално збирно место на фан клубот, секој кој ќе го посети може да направи check in во апликацијата и со тоа да заработи поени кои ќе може да ги искористи понатаму во MYLFC. Toa се прави во опцијата EARN во апликацијата МYLFC со избор на локација. Тоа важи и за сите други места на кои ќе се следи натпревар а се објавени како настани на нашиот профил на MYLFC. Секој корисник на MYLFC може да прочита повеќе за собирањето поени во самата апликација.


 

Преку MYLFC се олеснува начинот за комуникација на фан клубот со своите членови. Тука ќе се објавуваат настани или собири , ќе може директно да се комуницира без социјалните мрежи и ќе се има преглед на сите членови кои сакаат активно да се вклучени во работата на фан клубот , а со тоа да ги користат и предностите како добивање на влезници за натпревари на клубот , заеднички дружби или било какви прашања поврзани околу Liverpool FC.

Со MYLFC се менува начинот на комуникација помеѓу фан клубот и своите членови на поедноставен начин.

YNWA!