CL : AC Milan - Liverpool

reportage by Kristijan Fichuroski

17/09/2024


 

На првиот натпревар во Лигата на шампиони во Милано имавме двајца наши членови заедно со The Traveling Kop.

Во прилог кратка фото и видео репортажа од Кристијан Фичуроски од Гостивар и збор два околу Liverpool FC ...



"Јас сум човек кој сака спорт генерално (иако штета што последно време повеќе гледам одколку што спортувам) обожавам да шетам, запознавам различни култури и да ширам познанства."


OLSC Macedonia: Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Кристијан: Ливерпул ми го претстави мојот братучед, со него почнав да ја гледам 2004/05 сезоната кога имав само 6 години, но ништо од спортот не разбирав. Како што растев подоцна и како фудбалското сфаќање растеше заедно, благодарение и на партнерството Џерард-Торес, љубовта према Ливерпул растеше. Џерард стана мој идол и мојот навивачки пат беше насочен засекогаш.

Сите околу мене од школо до маалата секогаш ме подбуцнуваа посебно во периодот помеѓу 2009 и 2012, но пасијата за клубот и возбудата секоја недела да се трудам да гледам само се зголемуваа, небитно дали ќе беше Гарсија, Торес, Нгог, Суарез, Стариџ, Фирмињо, Њунез, или пак Реина, Мињоле, Кариус, Алисон, Келехер итн...

 

OLSC Macedonia: Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Кристијан: Омилен играч и идол ми е Стивен Џерард, стилот на игра, способноста да во одредени ситуации и со еден шут или пас реши натпревар, да диктира темпо, да биде лидер и пред сѐ, лојалноста и пасијата. Мене како дете кое го гледа сето тоа му помогна да голем број од тие квалитети бидат пренесени и во секојдневниот живот и да се редат успеси кои се паметат. Во спортот, животот, образованието и сл.

Омилена генерација, ќе кажам дека 2007-2012 ме научи да ја ценам играта од срце и ја зацементира мојата љубов према клубот, посебно кога на крајот Кени Далглиш нѐ држеше над водата и спречи да се потоне на некој начин. А омилен тренер, морам да кажам Јирген Клоп, бидејќи за мојот период кога сум гледам, тој е човекот што го изгради повторно Ливерпул, стави темели и повторно го оживеа и идентитетот на клубот.

 

OLSC Macedonia: Натпреварот кој го следеше , AC Milan - Liverpool...

Кристијан: Станува збор за натпреварот од ЛШ помеѓу Милан и Ливерпул, на 17.09.2024, датум кој воедно и засекогаш ќе остане врежан во моето срце.

Влезниците успеав да ги најдам со помош на нашата OLSC Macedonia и бев заедно со другар да го следиме овој натпревар. Атмосферата беше одлична од самиот почеток на натпреварот, скоро целиот натпревар се пееа песни и се водеше навивање и се радувам што сеуште гласот не ми е вратен 😂 но, одлично искуство кое колку и да сум се трудел да го замислам кога следам пред тв секако ќе бев изненаден и воодушевен.

Интересен момент беше кога првите 5 минути Сан Сиро гореше и кога Милан исто така го постигна голот, но потоа, контролата се превзеде, беше дозволена само една шанса на противникот и на стадионот се слушаа само едни навивачи, тоа бевме ние. Играта беше фантастична и после примениот гол, реакцијата беше клучна и правовремена.

Се бараше играта која носи резултати, немаше експериментирање и се одеше најверојатно по планот кој што го смислил Слот. Се искористија прекините и штета огромна се двете пречки на Салах. Трент одигра дефанзивно феноменален натпревар што секако помогна другите да бидат на повисоко ниво.

 

OLSC Macedonia: Arne Slot и една нова етапа во историјата на Liverpool. Кои се твоите очекувања и твоето мислење за новата сезона ?

Кристијан: Очекувањата мои се, минимум 2 трофеи, било кои. Истиот тим е од Клоп, играта што Слот досега ја покажа и што ја имаше со Фајенорд, покажува дека сака од почеток да ја воведе својата филозофија, што истото го направи и Клоп кога дојде, само што му одзема време додека ги склопи играчите за неговиот стил на игра.

Кај Слот има многу да се работи, ама делува полесно и позитивно што играчите кои ги наследи се веќе навикнати на брз и голем интензитет. Разлика има во тоа што Слот стреми повеќе и поупорно према контрола на утакмицата и посигурна изградена игра.

Одличен е почетокот на сезоната, верувам и дека препреки како Нотингем ќе има, ама ќе бидат поминати. Долга и добра сезона ќе биде и за 3 години максимум ќе збориме за големи трофеи под палката на Арне Слот

 

YNWA!