Liverpool - Wolves

OLSC@Anfield

27/12/2025


 

Годинава за првпат во долгата историја на англиското првенство немаше BoxingDay натпревари но тоа не беше причина во последното коло од оваа календарска година на Anfield на натпреварот против Wolves да има и наши членови од Скопје и Битола.

Среќен роденден на Марио Бебекоски од Битола кој роденденот го прослави во Liverpool.

Збор два од Наум Стојчевски, неколку слики од Марија Стојчевска како и видеа и слики од другите членови кои беа на Anfield.




OLSC Macedonia: Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Наум: Отсекогаш сум сакал спорт и фудбал. Ливерпул почнав да го следам од мал од 5 - 6 годишна возраст. Низ магла се сеќавам дека играа против тим со бели дресови, јас ги одбрав црвените. Поубаво играа црвените. По повеќе од 30тина години, можам да кажам дека се гордеам на изборот што го направив и на верноста која ја вложив за клубот кој го сакам и за кого навивам.

 

 

OLSC Macedonia: Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Наум: Можам да зборувам за Ливерпул додека сум го гледал во живо на тв додека траела возбудата. Ги има многу играчи, Ian Rush, John Barnes, Robbie Fowler, Danny Murphy, Steven Gerrard, Dirk Kuyt, Daniel Agger, Bobby Firmino и секако Mo Salah. Омилени генерации ми се 2004/2005 нерешениот резултат и пеналите во Истанбул и 2018/2019 4-0 со магијата на Ориги. Тренер Клоп. Едноставно фудбалот кој Ливерпул го играше за време на Клоп беше најдобриот на свет.

 

 

OLSC Macedonia: Натпреварот кој го следевте , Liverpool - Wolves...

Наум: Долго ќе ме држат импресиите, од атмосферата, од навивачите, од стадионот, од добриот резултат. Можеби Клоп не разгали со агресивната игра и огромен број на голови, но Слот игра на сигурно, без да ги истроши играчите. Недостасуваше денес поголема жар во играта, против екипа што е на дното од табелата шампионот треба да дава 4-5 гола.

Сезонава е тешка, го загубивме Диого, тоа е огромен стрес врз играчите. Дојдоа голем број ѕвезди од кои се очекува премногу, им треба време да се воиграат. Слот е на моменти тврдоглав, а проблемите како тој со Мо се решаваат со разговор, сепак Мо е најдобриот играч на Ливерпул последни 30 години.

Јас сум задоволен, зошто секогаш може да имаме сезони како тие со Милан Лане Јовановиќ, Нгог и Енди Керол. Треба само да веруваме и навиваме.

 

 

OLSC Macedonia: Новогодишна атмосфера во Liverpool...

Наум: Ливерпул е прекрасен град, ние дојдовме на Boxing Day, и дочекавме пријатна, позитивна атмосфера, луѓе со насмевки, некои со преполни раце подароци, други со семејствата на прошетка, една невообичаена глетка за нас од Македонија. Градот е убаво празнично уреден, осветлен и чист. Ги запознавме двете Ливерпулски птици - Корморани Бела и Берти. Бела гледа кон реката и ги штити пристаништето и доковите. Берни гледа кон градот да ги заштити луѓето.

 

 




Марио и Трајче


 




Тина











YNWA!