11/05/2025
На 11 Мај 2025 година во LYCHNIDIA-FOOD ZONE-OHRID во Охрид се одржа национален собир на фановите на Liverpool од Македонија , собир кој имаше и хуманитарен карактер посветен на настраданите и фамилиите од трагедијата во Кочани.
Покрај езерото многу фанови во убава атмосфера а на теренот Liverpool - Arsenal 2:2.
Организаторот , фановите на Liverpool од Охрид се погрижија за богата програма со турнир во мал фудбал и карате семинар кои се одржаа во сабота на 10 Мај а во Недела дружбата продолжи во LYCHNIDIA-FOOD ZONE-OHRID каде се гледаше и натпреварот.
Во прилог фото и видео репортажа.
Турнир во мал фудбал: Победници екипата на Димче Костески , YNWA од Охрид.
Спортски центар Климент Колески: Карате семинар со најмладите.
YNWA!