06/11/2026
Почитувани членови на OLSC Macedonia,
Со задоволство ве известуваме за уште една успешна акција на нашиот фан клуб за соработка со заедницата!
Неколку наши членови од Битола донираа компјутерски хардвер, периферни уреди, мрежна опрема и компјутерски компоненти за потребите на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Оваа опрема директно ќе се користи во практичната реализација на наставата по предметот Техничко образование и Информатика, помагајќи им на учениците да стекнат подобри услови за учење и развој на дигиталните вештини.
Искрено им се заблагодаруваме на сите членови кои учествуваа во оваа акција! Ве повикуваме сите и понатаму да останеме активни и да помагаме секаде каде што е потребно.
YNWA!