Хуманитарна акција

Донација од членовите на OLSC Macedonia

18/02/2026


 

Почитувани членови на OLSC Macedonia,

Неодамна нашиот фан клуб се придружи во уште една хуманитарна акција за помош на повредените од пожарот во Кочани.

Наши членови кои моментално се со престој во странство побараја и добија список т.е. листа на медицински продукти од православната црква составен според барања на родителите од Кочани, продукти кои се неопходни а се недостапни кај нас.

Голем дел од медицинските продукти беа набавени и понатаму дадени назад во православната црква за да ги распредели каде што е потребно. Продуктите можат да се купат од amazon.com

Во оваа донација покрај новособраните средства беа употребени и средства собрани на собирот во Битола од 28 Мај 2022 година на натпреварот против Реал М, 2000 ден., и настанот организиран во просториите на клубот на навивачи Dirty Old Town - Битола за промоција на книга од авторот Адријана Прскало на 22 Октомври 2022 година , 3000 ден.

Ви благодариме на сите што учествувате во оваа акција и Ве повикуваме и поттикнуваме сите да продолжите да помагате онаму каде што е потребно.

YNWA!