Liverpool - Crystal Palace

OLSC@Anfield

25/04/2026


 

Liverpool - Crystal Palace 3:1. Десетина наши членови од Берово, Скопје , Прилеп и Битола беа на Anfield и со нас споделија збор два , некоја слика и видео.

YNWA !




OLSC Macedonia: Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

МИЛАН Р.: За Ливерпул навивам од 2001 година. Прв натпревар на кој се сеќавам е Ливерпул - Рома, мислам дека беше 1/4 финале во купот на UEFA.

Овен и Џерард миленици од таа генерација, која подоцна го освои купот на уефа.

 

 

OLSC Macedonia: Натпреварот кој го следевте , Liverpool - C. Palace ...

МИЛАН Р.: Ливерпул го имавме гледано во живо неколку пати до сега, но никогаш на Енфилд.

Патувавме за прв пат до Ливерпул со сопругата за натпреварот против Кристал Палас. Картите за натпреварот ги добивме со аплицирање преку официјалниот фан клуб на Ливерпул во Македонија за кое што сме искрено благодарни, самиот процес беше брз и коректен. Заминавме на 22.04 (3 дена пред натпреварот) со директен лет преку Софија до Ливерпул, со огромна желба да го запознаеме градот, културата, да истражиме за традицијата на клубот и да ја доживееме целосната слика поврзана со нашиот омилен клуб.

Веднаш по простигнувањето се симнавме на станицата до Енфилд - беше WOW и солзи во очи, оној момент кога сонот станува реалност и сфаќаш дека си таму присутен.

Следниот ден имавме закажано тура со посета на стадионот и музејот на Ливерпул. Се беше совршено, како во филм, се движиш и не веруваш дека е реално.

3 ден ни беше за прошетка во град, истражување на културата, музејот на Биталси, проштека по улиците и простаништето, вкусување на традиционална храна и напитоци.

Сабота - долгоочекуваниот ден, натпревар на Ливерпул на Енфилд, организирана собиранка во Паб уште рано наутро, официјална музичка програма пред стадион,пеење навивачки песни, дочек на играчите и 1 час пред натпреварот влез во стадионот. Моменти на среќа, возбуда, верба и сон кој го живееш. Да пееш химна со 60 000 луѓе до тебе во еден глас - посакувам секој да го доживее.

За нас ова патување беше желба и посакувано цел живот, сега веќе знаеме дека ќе отидеме уште безброј пати повторно и повторно таму за да доживееме се одново и одново.

Би сакале да ви се заблагодариме на вас, OLSC Macedonia, за целата поддршка во целиот овој процес, без вас немаше да биде возможно.

 

 




 




TИНА: Еден од последните натпревари на Liverpool за оваа сезона а за жал овој пат имав само еден ден престој но го искористив максимално. Сонцето силно блескаше цел ден во обично сивата Англија и ова многу придонесе за смеата и расположението на луѓето околу стадионот пред самиот натпревар. За прв пат бев во Fan Zone делот и многу е интересно направен , со супер игри за деца и возрасни. Се изнаиграв Table Football :)

Пред влезот во стадионот локални луѓе ни дадоа жолт плакат , како протест против покачувањето на цената на картите и сезонските билети. Малку направивме муабет околу цените и добив впечаток дека поголемиот број на луѓе се незадоволни. Жолтите плакати требаше да ги дигнеме високо во тринаесеттата минута од натпреварот како одраз за 13% поскапување.

Натпреварот започна и првите минути беа малку мирни а играта повлечена од Liverpool. Crystal Palace имаше добра шанса за 1:0 пред Liverpool да постигне 2 гола. Многу ми е мило за голот на Isak кој се врати после повреда како и за голот на Robbo. Второто полувреме беше многу по стресно од првото. Salah имаше добра шанса пред да биде заменет поради повреда. Се надевам дека ова не беше неговиот последен натпревар во дресот на Liverpool. Околу 20 минути во второто полувреме мислев ќе биде нерешено или дека ќе изгубиме. Замените кои ги направи Slot многу не ослабеа во играта. овек си вика кога менаџер прави промени играта треба да оди на подобро а не на полошо.

Anfield беше многу тивок овој пат, мислам дека беше најтивок досега. Можеби ова е како одраз на формата и играта на Liverpool во цела сезона.




 



YNWA!