23/07/2026
Почитувани навивачи на Liverpool FC и членови на OLSC MACEDONIA,
OLSC Macedonia ја објавува листата на натпревари од Премиер лигата кои се играат на Anfield и за кои ќе може да се аплицира за влезници од првиот дел од сезона 2026/27, односно натпреварите од Август 2026 до Декември 2026.
Листа на сите натпревари од првиот дел од сезоната:
За поголема веројатност да добиеме влезници Liverpool FC ни сугерира и предлага оваа сезона да не се аплицира за натпреварите со Arsenal, Everton и Manchester United ,
и да не аплицираме на натпревари кои сме ги добиле во предходните две сезони.
Листа на натпревари за кои сме добиле влезници во предходните две сезони:
ПРЕПОРАКА ЗА НАТПРЕВАРИ ОД ПРВИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ЗА КОИ МОЖЕМЕ ДА АПЛИЦИРАМЕ:
Аплицирањето за влезници за првата полусезона е со рок и трае од денес 23 Јули 2026 година 19:00ч до 26 Јули 2026 година 19:00ч.
Важна информација: Право на аплицирање имаат само жители на нашата држава и членови на фан клубот кои го обновиле своето членство во OLSC Macedonia и имаат офицвијално членство купено од официјалната страна на Liverpool FC, повеќе инфо на следниот LINK . За патување во UK потребна е виза и тоа е индивидуална постапка на секој апликант а визата мора да е обезбедена 30 дена пред натпреварот за кој евентуално би добиле влезница.
Како фан клуб ние можиме да аплицираме за нашите членови но бројот на влезници кои се добиваат и бројот на натпревари кои се одобруваат се одлука на Liverpool FC. Како и досега , аплицираме за максимум 3 натпревари и максимум 12 влезници по натпревар за една полусезона. Трите натпревари се одбираат во зависност од бројот на заинтересирани. Доколку не се одобрат сите побарани влезници , за тие што се одобрени им се дава предност на членови што досега не биле на Anfield и на тие што ги исполнуваат условите со виза.
Секој што има веќе одлучено да аплицира треба да не контактира на профилот OLSC MACEDONIA на Facebook: LINK | OLSC MACEDONIA
YNWA!