OLSC Macedonia - Дружби и Локали


Заедничкото следење на натпревари е во организација на локалните фанови од одреден град во инивидуално или во ко-организација со фан клубот.Секој кој сака да организира некаков настан и истиот а биде поддржан и промовиран од фан клубот треба преходно да го најави за да се договориме околу логистиката и организацијата.

За секој организиран настан каде фан клубот е ко-организатор, постојат правила за користење на симболите на Liverpool FC и секој дизајн мора да биде одобрен од Liverpool FC пред тој да може да се користи како материјал во печатена форма или онлајн. Во координација на организаторот на настанот и фан клубот ова се решава 1 месец пред одржување на настанот.

Единствен дозволен симбол кој може да се користи е логото на фан клубот. Логото на Liverpool FC и Liverbird не се дозволени. Користење на бои се црвена како основна и бела во контраст . Забранети се црна или било која друга.

Покрај договорените дизајни и користени симболи , може да се случи и домаќинот на настанот , односно кафичот или местото каде се одржува настанот да извади свој печатен материјал наменет за продажба. Доколку ова не е договорено предходно истото нема поддршка од страна на фан клубот.

Овие дружби често имаат и хуманитарен карактер а фан клубот поддржува секакви хуманитарни акции . Средствата собрани од овие настани мора 100% да бидат донирани , односно да нема никаква заработка или да се покријат трошоци со истите.

За секој контакт со медиумите каде со спомнува името на фан клубот, тоа мора да биде лице поставено од фан клубот бидејќи секој коментар може да биде погрешно протолкуван и да го стави името на Liverpool FC во погрешен контекст.

Како име на организатор на овие настани не смее да се користат локални имиња како LFC Bitola, LFC Strumica и слично бидејќи фан клубот ги обединува сите и е заштитено име кое носи свои одговорности пред фановите кои се гости на настанот и пред Liverpool FC.

Локално домаќинот на настанот треба да обезбеди соодветно место и услови за безбедно одржување на настанот.

Инфо

Збирни места во нашата држава каде секогаш се гледаат натпревари на Liverpool FC.

Доколку сакате да обележите место на мапата контактирајте на:

Email : contact@olscmacedonia.com

Локација на збирни места


YNWA !